Со намалувањето на мобилните компјутери и зголемувањето на нивните компјутерски и комуникациски можности, се отвори простор за широк спектар нови решенија наменети за мобилните професионалци, како што се трговските патници, теренските инженери, и сл. Брзото и точно собирање на податоци на терен и нивната моментна конверзија во стратешки значајни информации минале долг пат за да станат не само опција, туку реалност за многу компании. Тоа пред се значи промена во целокупната организација на работа. Во многу подрачја се зголемува бројот на критични активности кои се одвиваат надвор од канцеларија, што на квалитетот на собраните податоци, брзината на нивниот пренос и на ефикасноста на апликациите кои ги поддржуваат им дава многу поголема вредност.
Повеќе од петнаесет години искуство на подрачјето на мобилните компјутери, како и бројните референтни инсталации (во земјата и странство) му овозможија на тимот на Špica да се стекне со дополнително стручно искуство и добро познавање на пазарот. Тоа дава можност за спознавање на новите потреби и насочување на напорите кон вистинската цел. Свесни за потенцијалот на мобилните компјутери на подрачјето на апликациите кои вклучуваат собирање податоци за најразлични цели, Špica своето истражување и развој го фокусира на задоволување на новонастанатите потреби на своите клиенти. Резултатот е апликацијата за мобилни корисници позната под името Frontman. Тоа е флексибилен систем кој се состои од неколку модули кои овозможуваат ефикасно планирање, организација и реализација на продажните активности.
Системот Frontman претставува современо и напредно решение, кое со употреба на најнапредни технологии обезбедува квалитетни услуги во продажбата. Frontman претставува современо решение за подрачјата:
|