Во услови на недостиг на време, евиденцијата на работно време е неодминлива за управување и надзор. Современиот систем за евиденција на работно време е едноставен за употреба, ненаметлив, сигурен и има многу различни можности за избор на најоптималниот начин на употреба. Евиденцијата на присутност не е само неодминлив дел од информацискиот систем за управување со човечките ресурси туку има значајна и активна улога во зголемувањето на работната ефикасност.
Зошто ни е потребен систем за евиденција на работно време? Прочитајте во
Евиденција на работно време, зошто?
Time&Space
Špica на подрачјето на евиденција на работното време има сопствен производ - Time&Space, кој е успешно инсталиран во повеќе од 1000 претпријатија во Adriatic регионот . Time&Space е комплетно решение наменето за евиденција на работно време, кое вклучува и контрола на пристап. Заедно со големите можности за дефинирање на различни распореди и правила, овозможува евиденција на работното време, точна пресметка и подготовка на податоци, кои се основа за различните програми за пресметка на плата или други HRM системи.
Повеќе информации за Time&Space
Имплементација и одржување на системите
Špica нуди заокружен и целосен збир на услуги, од идејни до изведбени проекти, проектно раководење, интеграција, имплементација, инсталација, обука на корисниците, сервис и одржување. За одржување на системите се грижиме да бидеме на располагање на сите корисници.
Дознајте повеќе за имплементацијата и одржувањето на системите
Референци
Погледнете дел од нашата референтна листа на корисници |