Најчести прашања
П: На етикетите се појавуваат мали бели точки
О: Симптом: Недостасуваат делови од отпечатокот.
- Најверојатно поради прашината во печатарот. Исчистете ја внатрешноста на печатарот.
- Слаб рибон. Проверете дали има црна боја по целата површина на рибонот. Ако некаде недостасува заменете го рибонот.
- Испрљана глава на печатарот. Исчистете ја.
- Температурата на печатење е превисока. Намалете ја температурата на печатење т.е. "HEAT VALUE".
П: Хартијата не се придвижува ако ја притиснеме типката "FEED"
О: Симптом: Хартијата се поместува само неколку сантиметри, а потоа се вклучува индикаторот PAPER/RIBBON.
Погрешно поставена хартија. Отстранете ја и повторно ставете ја правилно (види ја шемата на поклопецот од печатарот).
П: Печатарот печати "чудни" знаци наместо текст на етикетата
О: Симптом: Печатарот е во ASCII dump мод (по self-test).
Исклучете го печатарот и повторно вклучете го.
П: Хартијата се движи, а рибонот мирува
O: Симптом: Хартијата се движи, отпечатокот е размачкан, а рибонот мирува или проклизнува, со исклучок кога отпечатокот е густ.
- Погрешно поставен рибон – страната со мастилото е на погрешна страна. Отстранете го рибонот и поставете го правилно (види ја шемата на поклопецот од печатарот) со активната страна (со мастилото) надолу.
- Погрешната комбинација хартија/рибон предизвикала триење помеѓу хартијата и рибонот. Употребете друг вид на рибон или хартија.
П: Печатарот работи добро, но ја испушта секоја втора етикета
О: Симптом: По секоја отпечатена етикета повремено прескокнува уште една етикета.
- Елементите на етикетата се поставени премногу блиску до горната или долната ивица на етикетата. Помеѓу врвот и дното на етикетата оставете 1 mm празен простор.
- Висината на етикетата не е доволна. Мора да биде повисока од 1 cm.
- Неправилно поставен "Top of label offset".
П: Печатарот работи и кога ќе се потроши рибонот
О: Симптом: Печатарот не прекинува кога ќе се потроши рибонот; печатарот печати само празни етикети.
Прекинувачот "TRANSFER" е поставен на OFF (лево). Поставете го на ON (десно).
П: Печатарот не работи
О: Симптом: Кога ќе иницираме печатење ништо не се случува.
- Проверете дали кабелот за напојување е вклучен во печатарот и дали прекинувачот е на положба 1. Индикаторот "POWER ON" мора да свети.
- Проверете дали врската помеѓу печатарот и компјутерот е правилна (RS232 т.е. COM1 или COM2 конектор на компјутерот).
П: Печатарот не работи правилно
O: Симптом: Печатарот дава звук на стругање, може и да се прекине.
- Проверете дали хартијата е заглавена во механизмот. Одстранете ја и повторно правилно поставете ја.
- Подигнете ја главата и пробајте да ја поместите хартијата со рака. Доколку неможе, хартијата е заглавена.
П: Бели црти на етикетата
О: Симптом: Етикетите имаат вертикална бела црта по целата должина.
- Испрљана глава на печатарот. Исчистете ја.
- На главата на печатарот има оштетувања. Викнете го вашиот сервисер да ја замени.
П: Слабости во печатењето
O: Симптом: Слаб отпечаток по целата етикета.
- Неквалитетна хартија. Обидете се да печатите на подобра хартија. Можете да нарачате примерок на квалитетна оригинална DATAMAX хартија.
- Испрљана глава на печатарот. Исчистете ја.
- Погрешно поставена глава на печатарот. Викнете го вашиот сервисер да ја постави правилно.
П: Хартијата се движи, но нема отпечаток на истата
O: Симптом: Изгледа дека се е во ред, само нема отпечаток.
- Можеби погрешно сте го поставиле рибонот. Страната на рибонот на која е мастилото мора да биде свртена надолу, кон хартијата. Ако рибонот е погрешно поставен, главата се замачкува. Темелно исчистете ја. Препорачуваме посета на сервисер.
- Погрешно свртена хартија. Страната на хартијата наменета за печатење мора да биде свртена нагоре.
- Хартија сместена покрај сензорот за хартија. Отстранете ја хартијата и повторно поставете ја правилно (види ја шемата на поклопецот од печатарот).
- Главата на печатарот не е целосно спуштена. Дигнете ја и повторно спуштете ја. Рачката за подигање на главата мора да биде свртена малку наназад.
|