Собирањето податоци, нивната обработка како и брзото одлучување во производствениот процес значат додатна вредност, која се изразува со поголема ефикасност во производството. Купувачите тоа го забележуваат и високо ги ценат претпријатијата со уредени производни процеси. Во Špica можеме да Ви помогнеме при реализацијата на успешниот процес, можете да не искористите за оптимизација на Вашите процеси, кои бараат следливост, собирање податоци и вклучуваат мобилни корисници. Решенијата вклучуваат идентификација на клучните точки во процесот, надзор над прозводите и полупроизводите, како и анализа на добиените резултати во реално време. Основите на нашите решенија се баркод технологијата, RFID и мобилните информациски системи, кои секогаш ги поврзуваме во постојните ERP системи.
Имплементација и одржување на системите
Špica нуди заокружен и целосен збир на услуги, од идејни до изведбени проекти, проектно раководење, интеграција, имплементација, инсталација, обука на корисниците, сервис и одржување. За одржување на системите се грижиме да бидеме на располагање на сите корисници.
Дознајте повеќе за имплементацијата и одржувањето на системите
Референци и партнери
Погледнете ја нашата референтна листа на корисници
Погледнете ја листата на нашите партнери |