Дигитализацијата на магацините со системот WMS овозможува подобра грижа за купувачите и подобра контрола на залихите.
Магацините опремени со напредни IT системи и опрема овозможуваат побрза обработка на нарачките и следење на артиклите од приемот на нарачката до испораката.
За оптимално функционирање на магацинот клучен елемент е информациската поддршка на магацинските процеси. Во рамките на нашите проекти се трудиме да го олесниме управувањето со магацинот, да ги намалиме трошоците за залихи и оперативните трошоци , а на раководството да му овозможиме увид во она што се случува и воведување на целосна следливост на артиклите. На тој начин, го оптимизираме магацинското работење и комисионирање во магацини со различна големина.