24.01.2007
Со цел да ги задоволи своите комплексни барања поврзани со евиденцијата на работно време Тутунски комбинат а.д. Скопје одлучи да го имплементира системот за регистрација и евиденција на работно време Time&Space.
Соработката со Тутунски комбинат а.д. Скопје започна во 2002 година, кога се обратија до нас за понуда на квалитетно решение за регистрација и евиденција на работно време, кое требаше да ги надмине слабостите на постојниот систем и да понуди нов квалитет во работењето на кадровската служба.
Врз основа на направената анализа инсталиран е системот Time&Space во следнава конфигурација: регистрациски терминали DOG09P со вградени читачи на безконтактни картички Indala, безконтактни идентификациски картички IDP09, T&S Manager клиенти, MSDE податочен сервер и комуникациски програм Event Collector Server.
Time&Space системот овозможи on-line начин на регистрирање и евиденција, така што секој вработен има увид во своето тековно салдо на часови а во кадровската служба имаат моментален увид во салдата и присутноста на сите вработени.
За да се обезбеди on-line начин на регистрирање и евиденција, регистрациските терминали DOG09P (кои се монтирани на портирницата) преку wireless bridge се поврзани во постојната компјутерска мрежа.
Преку оваа мрежа остварена е on-line комуникација помеѓу регистрациските терминали и комуникацискиот програм Event Collector инсталиран на серверот во систем сала.
На истиот сервер е инсталиран и MSDE податочниот сервер и Time&Space базата.
Податоците за присутноста на вработените се уредуваат и анализираат во кадровската служба со помош на клиентската апликација T&S Manager која има пристап до базата инсталирана на централниот сервер.
Time&Space системот овозможи посебна евиденција на присутноста на вработените во администрацијата и во производството.
Инсталираниот модул Флексибилно време (Flexi Time) во целост ги задоволува потребите за евиденција на работното време на вработените во администрацијата, а модулот Индустриско време (Industrial Time) за евиденција на работното време на вработените во производството.
Пријатниот кориснички интерфејс, графичкиот приказ на настаните и категориите на присутност, автоматскиот избор на распоред, вградениот генератор на извештаи се дел од функционалностите кои ги нуди програмскиот пакет Time&Space, а кои значително ја зголемија ефикасноста на кадровската служба и обезбедија точни податоци за пресметка на плата. |