|
| Best Western Bellevue со VingCard електронски брави |
17.08.2009
Во хотелот Best Western Bellevue е имплементиран хотелскиот безбедносен систем VingCard. Системот се состои од рецепциски систем VC2800 и електронски брави VingCard ALFA и обезбедува контрола на пристап во гостинските соби и бунгаловите.
Рецепцискиот систем VC2800 со кој се програмираат картичките за гостите и вработените е функционален и едноставен за употреба уред со Windows™ CE оперативен систем и екран осетлив на допир кој одлично се вклопува и во најмалиот рецепциски простор.
Електронската брава VingCard ALFA е високо квалитетна електрoнска брава, конструирана според стриктните критериуми за квалитет на VingCard. ALFA ги има истите функционалности како и електронската брава Classic, со минорни ограничувања. Со стандардизирањето на дизајнот и употребата на модерен и робусен finish (Grey metallic или Rugged charcoal) , остварено е економично решение.
Повеќе информации за VingCard хотелските безбедносни системи... |
|
|