English English
Вести
2007
2008
2009
2010
2011
2012
2013
2014
2015
2016
2018
Успешни стории
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »
ŠPICA групацијата и IBCS групацијата најавуваат соработка и оснивање на “Алијанса на три мориња”
15.10.2018

 

 Љубљана – Лондон, 15 Октомври 2018

ŠPICA групацијата, водечкиот системски интегратор и добавувач на решенијата за дигитална трансформација на ланецот на снабдување (Supply Chain Management) и управувањето со човечките ресурси (Workforce Management) во Адриатик регионот и IBCS групацијата, водечкиот интегратор на апликативни решенија за Enterprise мобилност во Централна Европа, објавуваат стратешко партнерство со цел на корисниците да им понудат единствена палета на услуги и решенија.

Членовите на оваа Алијанса се во можност да понудат напредни и комплетни решенија за дигитализација на работењето во земјите сместени меѓу трите мориња – Балтичко, Јадранско и Црно Море.


Главна цел на Алијансата

“Главната цел на Алијансата е да обезбеди највисоко ниво на услуги и квалитетни решенија за корисниците во десет држави на Централна, Источна и Југоисточна Европа. Партнерството помеѓу овие два пазарни лидери создаде единствен тим со големо искуство и знаење, здружувајќи ги ресурсите на двата партнери, што ќе ни овозможи да испорачаме високо квалитетни и вредни решенија на нашите ценети купувачи на глобално ниво.” изјави Brian Marcel, директор на IBCS групацијата.

“Во последната декада, двата партнери израснаа во водечки играчи на својот пазарен сегмент. Поврзувањето на ŠPICA групацијата и IBCS групацијата ќе ни овозможи пристап до нови пазари и нови начини на соработка со нашите купувачи. Не постои уште некоја ваква организација на целиот Европски пазар која би можела да понуди толку широки и напредни решенија на подрачјето на управувањето со човечките ресурси и ланецот на снабдување на толку големо подрачје” изјави Tone Stanovnik, директор на ŠPICA групацијата.


Предности за купувачите и партнерите

Благодарение на ŠPICA - IBCS Алијансата, купувачите ќе добијат пристап до водечките решенија на подрачјето на управувањето со човечките ресурси и ланецот на снабдување. ŠPICA - IBCS Алијансата овозможува не само квалитетни решенија кои ќе го унапредат вашето работење, туку и дополнителни услуги како на пр. одржување кои означуваат високо ниво на квалитет, брзина и професионалност на сите пазари, со локална поддршка во сите земји. Заедничкиот тим на Алијансата брои 300 стручњаци на полето на управувањето со ланецот на снабдување, мобилните апликации, автоматската идентификација и управувањето со човечките ресурси, со повеќе од 25 години искуство.

За IBCS групацијата

IBCS групацијата функционира на подрачјето на Бугарија, Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. На своите купувачи им овозможува решенија со кои тие ја зголемуваат ефикасноста во работењето, растот на перформансите и продуктивноста во рамките на организацијата, намалување на трошоците на работењето и зголемување на конкурентската предност. Членови на групацијата се IBCS Полска, IBCS Бугарија, IBCS Унгарија, Kodys Чешка и Kodys Словачка. Стручниот тим на IBCS брои преку 180 лица. IBCS Групацијата нуди комплетни решенија за интеграција на подрачјето на ланецот на снабдување.

За ŠPICA групацијата

ŠPICA групацијата е водечки добавувач на решенија за дигитална трансформација на ланецот на снабдување (Supply Chain Management) и управувањето со човечките ресурси (Workforce Management) во Адриатик регионот. Преку 100 стручни лица се вработени во Адриатик компаниите во Љубљана, Загреб, Белград, Сараево, Скопје, Подгорица и Лондон. SPICA решенијата им помагаат на корисниците да ја зголемат ефикасноста во работењето и агилноста на процесите во различните индустрии, како што се производството, транспортот, логистиката и малопродажбата. Истотака, клучните ресурси ги унапредуваме со нашите Workforce Management решенија во хотелската индустрија, финансискиот сектор и државната управа на целиот EMEA пазар.

 

Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт