English English
Time&Space
Машинска опрема
Пристапни терминали
Регистрациски терминали
Читачи на картички
Идентификациски картички
Биометриска идентификација
Машинска архитектура
Програмска опрема
Контрола на пристап
Kонтрола на посетители
Пресметка на работно време
Собирање податоци
Програмска архитектура
Регистрација преку web
Управување со отсуства
Интеграција со плати
Audit Log
Visual Space Manager
Biometric Administration Portal
Mobile Time
Пописи
Хотелски системи
Frontman
Motorola опрема
Datamax печатари
myHours.com
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Zone Access

Zone Wing и Zone Door се двете клучни компоненти на најновата Zone Access архитектура. Zone Wing е интелигентен контролер, а Zone Door е паметен влезно-излезен уред. Zone Wing може да контролира до 32 Zone Door уреди, што ја прави комбинацијата исклучително разновидна и исплатлива за било која топологија за контрола на пристап. Обата уреди се дизајнирани за монтажа на DIN-шина што овозможува едноставна, уредна и компактна инсталација.

Zone Wing

Zone Wing е интелигентен пристапен контролер и мрежен комуникациски hub. Тој овозможува чување на податоци, процесирачка моќ и програмабилност неопходни за секој модерен систем за безбедност базиран на картичка т.е. сертификат.

Zone Wing директно ги управува и извршува корисничките пристапни права за повеќе Zone Door уреди. Се поврзува на сервер преку Ethernet порт, ги синхронизира пристапните права и ги пренесува пристапните настани во реално време. Двете USB порти за општа намена може да се употребат за проширување на системот за контрола на пристап со дополнителна меморија, поврзување преку безжичната (WiFi) или преку мобилната мрежа. 

Zone Door влезно-излезните уреди се поврзуваат со Zone Wing преку индустриски подмрежен интерфејс CAN. Еден Wing контролер може да контролира до 64 “пристапни канали” или индивидуални врати. Zone Wing исто така има дополнителен anti-tamper switch влез во ситуации со повисоки безбедносни барања. 

Zone Door

Zone Door е влезно-излезен уред кој овозможува максимална флексибилност на влезно-излезни конфигурации на ниво на точка на пристап. Можно е приклучување на следниве периферни уреди: читачи на картички и биометриски читачи (Wiegand и RS485), ел. брави, бариери, тастери за излез, сензори за аларм и др. 
Стандардната конфигурација е до 2 Wiegand читачи – дополнително може да се приклучат и RS485 уреди вклучувајќи RS485 читачи. До 32 Zone Door уреди може да се поврзат на еден Zone Wing контролер.

 

Терминал DOX

Терминалот DOX е интелигентен уред за собирање податоци и мрежно проследување во системот за контрола на пристап. Ја контролира комуникацијата помеѓу пристапната точка и серверот и ги управува периферните елементи на системот, нпр. читач на картички, DOX конзола, ел. брава, биометриски читач, како и со други сензори. Податоците се чуваат и обработуваат во самиот терминал, па затоа терминалот DOX може да се употребува во on-line и off-line начин работа.

DOXCTR-4 – Терминал за контрола на пристап, четвороканален

Терминал за контрола на пристап на кој можат да се приклучат 4 врати и 4 читачи, мрежен модул Ethernet 10/100, поддршка на широк избор читачи на RFID и smart картички. Поддршка за читачи на отисок од прст Bioscrypt, DOX конзола и вградено батериско напојување.

  

Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Вести
01.06.2016
Time&Space верзија 10
02.03.2016
Zebra TC8000 Touch Mobile Computer
Успешни стории
Тутунски комбинат а.д. Скопје
Time&Space во Тутунски комбинат а.д. Скопје
Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт