English English
Time&Space
Машинска опрема
Пристапни терминали
Регистрациски терминали
Читачи на картички
Идентификациски картички
Биометриска идентификација
Машинска архитектура
Програмска опрема
Контрола на пристап
Kонтрола на посетители
Пресметка на работно време
Собирање податоци
Програмска архитектура
Регистрација преку web
Управување со отсуства
Интеграција со плати
Audit Log
Visual Space Manager
Biometric Administration Portal
Mobile Time
Пописи
Хотелски системи
Frontman
Motorola опрема
Datamax печатари
myHours.com
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Zone Button


Zone Button е уред кој нуди кориснички интерфејс за регистрација на присутност на работното место. Во системот може да се приклучи непосредно на Ethernet или преку пристапниот контролер од серијата DOX.

Со компактниот и едноставен дизајн Zone Button претставува елегантна алтернатива на класичните регистрациски терминали. Благодарение на едноставниот облик - екранот и четирите типки, Zone Button е навистина едноставен за употреба.

Zone Button го карактеризира осветлен LCD графички екран и четири типки на допир. Капацитивната тастатура е без подвижни делови, а екранот е заштитен со дебело стакло. Доволно е робусен за употреба и во индустриска околина со помалку строги барања.

Zone Button е на располагање и со вграден читач на безконтактни картички. Исто така може да се употребува и во комбинација со надворешен RFID или биометриски читач.

 

Терминал DOG


Евиденција на присутност

Регистрациските терминали DOG20 се наменети за употреба во апликациите за евиденција на присутност и регистрација на работно време. Широката палета на вградени читачи на картички обезбедува компатибилност со различните стандарди на опрема за радиофреквенциска идентификација, вклучувајќи ги најнапредните smart картички, како на пр. Legic Advant. Опциониот читач на отисок на прст се користи за елиминирање на проблемот на позајмување на картичките и нивна злоупотреба. Во исто време со него можеме целосно да ја елиминираме потребата за употреба на картички. Поддржани се различни начини на управување со биометриски примероци, вклучувајќи примероци на картичка, во терминал и во база.

Контрола на пристап

Покрај функцијата на регистрирање настани во системот за евиденција на присутност терминалот DOG20 може да ја извршува и функцијата на контрола на пристап за една врата. Оваа можност овозможува ефикасно поврзување на евиденцијата на работното време со контролата на пристап. Читачот на отисок на прст обезбедува повисок ниво на безбедност, како кај системите со картички така и кај системите без картички. Терминалот има два релејни излези и два влеза за приклучување на сензор за врата и типка за излез во итни случаи. 

Карактеристики

  • LCD екран, 2 реда по 20 знака, со LED позадинско осветлување
  • Фолијска тастатура, 20 типки, динамички распоред 
  • Вграден читач на безконтактни картички (Indala, H4102, HID, Legic, Mifare) или читач на магнетни картички 
  • Вграден читач на отисок од прст (опција) 
  • Вграден часовник на реално време 
  • Два релејски излези (ел. брава, бариера, сирена...) и два сензорски влеза (отворена врата, типка за излез) 
  • Ethernet или сериски interface (RS232, 20mA) за комуникација со серверот 
  • Ергономско куќиште изработено од ABS пластика 
  • Interface RS485 за поврзување до 32 терминали во подмрежен сегмент со должина до 1200 m 
  • Акумулаторска батерија (опција) 
Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Вести
01.06.2016
Time&Space верзија 10
02.03.2016
Zebra TC8000 Touch Mobile Computer
Успешни стории
Тутунски комбинат а.д. Скопје
Time&Space во Тутунски комбинат а.д. Скопје
Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт