
Mobile Time е апликација за паметни телефони (Android, iOS), која им овозможува на корисниците на системот Time&Space извршување на најважните дневни активности преку нивните мобилни уреди. Системскиот администратор може многу едноставно да им овозможи на постојните корисници на Time&Space Web да ги прошират своите можности на своите мобилни уреди. Активностите кои бараат брз одговор, на овој начин се на располагање веднаш и секаде. Паметната автентикација овозможува пристап до Spica Mobile Time од мобилни уреди – од паметни телефони или од таблети.
Mobile Time овозможува управување со работното време на вработените каде и да се наоѓате. Раководителите лесно можат да пристапат до ажурните податоци за присутност, дневните и седмичните извештаи во реално време. Прегледот на барањата за отсутност и одговорот на истите со употребата на Spica Mobile Time е многу поедноставно и попрактично. Раководителите имаат на располагање низа извештаи, извештаи за прекршување на работното време, дневни/седмични извештаи, како и пресметка на податоци.
Апликацијата поддржува читање на QR кодови или RFID картички (ISO14443 - Mifare classic, Mifare ultralight) и NFC, и на тој начин овозможува едноставно евидентирање на присутност на групи вработени. Раководителот едноставно врши избор на настан (доаѓање, заминување, болнички излез....) и ги отчитува картичките на присутните вработени. Оваа функционалност е овозможена дури и кога не постои поврзаност на мрежа – без пристап до сервер.
Mobile Time е апликација која им овозможува на вработените и на другите Time&Space корисници пристап до личните податоци за регистрациите на работно време во секое време и секаде. На располагање е пристап до дневни, седмични и месечни извештаи, податоци за регистрации, ажурно салдо на часови и годишен одмор за одбран датум. Сите податоци се јасно и интуитивно прикажани преку графички извештаи.
Со доделување на соодветни права, корисниците на мобилните уреди можат лесно да се регистрираат со избор на конкретен настан. Доколку уредот при регистрација не е приклучен на мрежа, податоците можат да се чуваат локално и се пренесуваат во системот Time&Space кога мрежата ќе биде достапна.
Корисниците преку своите мобилни уреди можат да достават барање за целодневна отсутност. Во рамките на Time&Space Approval Workflow, барањето се доставува до непосредниот претпоставен кој е одговорен за одобрувањето. Одобрението или одбивањето на барањето автоматски се бележи во Time&Space и на тој начин исчезнува потребата од дополнителна администрација.
|