English English
Time&Space
Пописи
Програмска опрема
Попис на артикли
Попис на основни средства
Хотелски системи
Frontman
Motorola опрема
Datamax печатари
myHours.com
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Рачен терминал + програм FIND02 = оптимална комбинација за попис на основни средства

Рачниот терминал е уред кој обединува ласерски читач на бар код и преносен компјутер со голема меморија. Во терминалот се внесуваат сите податоци кои пописната комисија ги користи на терен (список на основните средства, список на локации...). Кога пописот е завршен, пописните разлики не е потребно да се внесуваат во компјутер, бидејќи автоматски се пренесуваат.

Опис на програмот "Попис на основни средства"

Програмот “Попис на основни средства FIND02”, инсталиран на рачните терминали е наменет за спроведување на пописот на основните средства. Овозможува собирање на голем број податоци (до 100.000 основни средства истовремено), како и евидентирање на сите информации кои ги користи пописната комисија на терен. Заради можностите за нагодување, многу лесно го употребуваме како при првиот попис, така и при редовните и делумните пописи.

Сите функции на програмот се едноставни за употреба и не ги оптеретуваат членовите на пописните комисии, односно за употреба на програмот не е потребно компјутерско предзнаење. Заради едноставноста при користењето и новите можности кои ги нуди програмот, пописот се одвива многу брзо и без напор.
Превземените податоци во рачниот терминал се собираат и уредуваат, по завршениот попис се пренесуваат во компјутер, а вашиот програм за евиденција на основните средства може веднаш да ги обработи.

Модули на програмот "Попис на основни средства"

Модуларната градба на системот овозможува комбинирање на модулите за попис, комуникација, консолидација и извештаи. Мобилниот дел на програмот FINDPPC се извршува на Motorola рачните терминали со WindowsMobile/WindowsCE оперативен систем. Со програмот за пренос (ActiveSync или Mobile Device Center) податоците помеѓу мобилниот и стационарниот дел ќе бидат пренесени брзо и без грешки. Модулот за консолидација FINDWIN, кој се извршува на Windows работнa платформa, се грижи за подготовка на податоците за терминалите, обработка на податоците од терминалите, обединување на податоците од сите пописни комисии, изработка на сите извештаи за целокупниот попис или изработка на извештајот од само една пописна комисија.

Заради модуларната градба, системот може да се прилагоди на различни корисници и начини на употреба. Во помали претпријатија, може да се користи и само еден терминал или читач. Во случај кога има повеќе комисии, истите податоци можат да бидат сместени на сите терминали или секоја од нив да ги добие само своите податоци. Програмот FINDWIN за консолидација се грижи сите попишани основни средства да бидат правилно евидентирани во крајниот извештај за пописот.

Видови рачни терминали

За попис на основни средства најсоодветен терминал е робусниот терминал Motorola MC3100. Со својата форма и вградениот читач овозможува едноставно и брзо читање на бар кодовите. Големиот и контрастен екран овозможува брз преглед на настаните, а тастатурата дозволува лесен внес на броеви или описи. Терминалот е отпорен на пад на бетон и на екстремни температури, па без тешкотии ќе им служи и на помалку внимателните корисници.
Програмот работи на сите преносни PocketPC компјутери, Windows Mobile или Windows CE оперативни системи. 
За корисниците кои ќе ги користат терминалите во поекстремни услови, може да се користи и рачниот терминал Motorola MC9190-G.

Пописот со малите преносни Motorola Symbol CS2000 читачи на бар код е многу едноставен. Тоа се читачи кои не можат да ги соберат податоците за сите основни средства, овозможуваат само читање на бар кодови. Бидејќи немаат тастатура, ниту екран, внесените податоци можат да се прегледуваат по извршениот пренос во PC или на преносен компјутер. Преносот се врши на ист начин како со рачните терминали. Единствената можност која ја имаат читачите е додавање и бришење на кодовите во неговата меморија. Бидејќи читачот има меморија за cca 300 кодови, погоден е за попишување во помали претпријатија или како дополнение на постоечкиот систем со рачни терминали.

Постапка на попишување со терминали

Секое попишување почнува со тоа што корисникот од програмот за евиденција на основни средства го пренесува списокот на основни средства и локации, кои се предмет на пописот. Попишувањето со Pocket PC терминалите почнува така што податоците за основните средства и локациите се пренесуваат од персонален компјутер на терминал. За пренос на податоците задолжен е комуникацискиот програм кој е дел од системот за попис. Секоја локација и секое основно средство мора да биде означено со метализирана или пластифицирана етикета со бар код. По ова пописот може да започне.

Попишувачот го прочитува бар кодот од првата просторија која има намера да ја попишува и пристапува во неа. Во просторијата мора да ги прочита бар кодовите на сите основни средства кои се наоѓаат во истата. Постапката на попишување се сведува на читање бар кодови. Кога ќе го прочитаме кодот на основното средство, тоа веќе е попишано и меморирано во рачниот терминал. Податоците за прочитаното основно средство во терминалот можеме да ги прегледаме, да го поправиме описот или да внесеме забелешка, да го евидентираме трошковното место или да го пренумерираме основното средство.

Кога ќе ги попишеме основните средства во сите простории, собраните податоци со помош на кабел преку подножје ги пренесуваме назад во компјутер. На тој начин се ослободуваме од барањето на основните средства по долгите списоци, внесувањето на пописните листи во компјутер и сите грешки кои следат од рачниот начин на работа. На овој начин значително се скратува времетраењето на пописот.

Крајниот резултат од пописот е излезната датотека во која се запишани сите податоци за пописот и е подготвена за автоматска обработка и книжење во програмите за евиденција на основните средства. Така и последната фаза од пописот – ажурирање на книговодствената состојба на основните средства се одвива без грешки.

Карактеристики на системот и предности за корисниците

  • Попис на основните средства со бар код 
    Предност: Внесот и идентификацијата на основните средства е брза и точна. Отпаѓаат барањата на основните средства по списоците од пописот, како и мануелно внесување на податоците во компјутер. 

  • Едноставна употреба на програмот и рачниот терминал 
    Предност: Пописот е завршен побрзо од рачниот начин на попишување- брзината на читањето е cca 500 основни средства на час. 
  • Евидентирање на локациите на основните средства 
    Предност: За секое основно средство програмот регистрира во која просторија било попишано, што Ви овозможува многу лесни пребарувања на основните средства. Таа информација е значајна при подоцнежните евидентирања. 
  • Можност за работа на повеќе попишувачи истовремено 
    Предност: Списокот на сите основни средства можете да го поделите, секоја пописна комисија да го добие својот дел од списокот кој треба да го попише. Секоја пописна комисија го користи својот преносен терминал. Програмот на PC може да ја обедини работата на сите комисии, на тој начин добивате единствен список односно еден заклучен извештај за целиот попис. 
  • Собирање податоци до 100.000 основни средства и нивни простории Предност: Не е потребно претпријатијата да се делат на повеќе мали единици. Пописот можеме да го изведеме истовремено во целото претпријатие, притоа сите податоци ни се при рака. 
  • Промена на описот на просториите и основните средства 
    Предност: Пописната комисија може сите промени во врска со преименувањето на основните средства да ги внесе во рачниот терминал на терен. Доколку бар кодот на основното средство е нечитлив или недостапен, може да се внесе преку тастатурата на рачниот терминал. Рачниот внес може и да се исклучи и на тој начин на комисијата и се оневозможува внес на непостојни основни средства и со тоа поврзаните злоупотреби.
  • Делумен попис 
    Предност: Кога сакаме да попишуваме само дел од основните средства, во рачниот терминал ги внесуваме само тие основни средства. 
  • Евидентирање на датумот и времето на попишување 
    Предност: Секој запис за попишаното основно средство содржи точно време и датум на пописот. Тоа е моментот кога последен пат сме го прочитале бар кодот на основното средство или сме извршиле рачен внес на неговата шифра (само кај рачните терминали). 
  • Разни исписи на PC 
    Предност: Во секое време по преносот на податоците на PC можете да уредувате различни исписи и така уште за време на пописот можете да добиете делумни резултати. Исписите по завршувањето на пописот се истовремено основа за усогласување на состојбата. 
  • Отпорни етикети за означување на основните средства и простории Предност: Можеме да употребуваме исти етикети за сите видови основни средства. Отпорни се на бришење, екстремни температури, влага, маснотии и сончеви зраци. Стандардната димензија на етикетите за основни средства е 50x25mm, а за локации 63x18mm. 
  • Печатење на етикетите со DATAMAX termal-transfer печатари Предност: Етикетите можете во секое време сами да ги печатите или пак да ги нарачате кај нас. Бидејќи се со стандардни димензии, секогаш се на залиха и нивниот рок за изработка е најмногу 5 дена. Заради флексибилноста во печатењето, можеме да печатиме етикети со постоечките шифри на основните средства и не е потребно пренумерирање.

     

    Референтна листа на корисници

    Нашата референтна листа на корисници во Македонија

Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Вести
01.06.2016
Time&Space верзија 10
02.03.2016
Zebra TC8000 Touch Mobile Computer
Успешни стории
Тутунски комбинат а.д. Скопје
Time&Space во Тутунски комбинат а.д. Скопје
Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт