Motorola (САД) е водечки светски производител на опрема за автоматско собирање податоци (баркод, RFID), радио мрежи и професионални мобилни компјутери. Špica и Motorola Enterprise Mobility Business (ex Symbol) соработуваат од 1990 год.
Špica е Elite Solution Partner на Motorola и Certified Professional Services Provider за Adriatic регионот.

Рачни мобилни компјутери
Рачните компјутери за мобилно собирање податоци овозможуваат евидентирање на настаните на лице место во рамките на претпријатието, како и поддршка на работата на терен. Тие се доверливи и робустни и овозможуваат безжична DATA комуникација и гласовна GSM комуникација.
Дали да купите обичен или робусен? Истражувањата покажуваат дека е поефтино да се купат издржливи уреди. Прочитајте го текстот Рачни компјутери и трошоци на сопственост (TCO).
Таблет компјутери
Моторола успешно го следи трендот на развојот на компјутерската технологија и како резултат на ова го лансира на пазарот првиот таблет компјутер за деловна употреба.
Безжични мрежи
Motorola нуди два концепта на инфраструктура за безжична локална мрежа (WLAN):
- класичен концепт со базни станици (access points),
- најсовремен концепт со централно контролиран безжичен switch на кој се приклучени антени (access ports).
Двата концепта се одликуваат со исклучителна безбедност во комуникацијата. Концептите имаат и одлични карактеристики за премин помеѓу антените (roaming), како и балансирање на прометот (load balancing).
Баркод читачи
Без баркод читачите не можеме да ги користиме главните предности на бар кодовите: брз и точен внес на податоци. Читачите ги има во различни облици, а нивна заедничка особина е флексибилноста при приклучување на компјутери и каси.
Микро киоск
Помогнете им на клиентите да ги дознаат цените и локациите на производите брзо и без помош на вашите вработени. Микро киоскот на Motorola нуди модели кои можат да се поврзат преку вашата мрежа како и модели за безжична комуникација.
|