English English
Time&Space
Пописи
Хотелски системи
Frontman
Zebra опрема
Datamax печатари
myHours.com
Намали текстЗголеми текст
Барај:
Search
напредно пребарување »

Мобилните компјутери и трошоците на сопственост (TCO)
Да купам вообичаен или робусен? Цената ќе биде пониска, но што со вкупните трошоци до крајот на животниот век на уредот? Анализите покажуваат дека е поефтино да се купат поиздржливи, професионални уреди!


 

За професионалните, робусни мобилни компјутери сигурно треба да се плати повеќе во однос на вообичаените PDA (Personal Data Assistant) уреди. Меѓутоа, најновите анализи покажуваат дека нивното купување со време се исплатува и во тој случај вкупните трошоци (total cost of ownership - TCO) всушност се многу пониски. Претпријатието Venture Development Corp. (VDC) има направено повеќе вакви анализи кои покажуваат дека трошоците за сервис, поддршка и подолгото време на испади на PDA компјутерите во крајна линија се поголеми од самите цени на уредите, посебно ако вкупните трошоци по единица во тригодишниот, а посебно во петгодишниот период се значајно поголеми.

"Многу претрпријатија ги земаат во предвид само почетните трошоци на воведување на хардверската и програмската опрема, интеграцијата и комуникацијата," вели David Krebs од претпријатието VDC. "Од тие причини разбирливо е да се одлучуваат за купување на поефтини, вообичаени PDA компјутери или помалку издржливи - убедени дека е тоа, гледајќи ги трошоците, најповолно решение."

Анализите покажуваат дека многу претпријатија, од оние кои тоа го прават, не ги пресметуваат правилно вкупните трошоци. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 60% од претпријатијата од сегментот малопродажба и повеќе од 36% од претпријатијата од сегментот дистрибуција пред имплементацијата на информатички решенија воопшто не ги анализираат, ниту ги предвидуваат наведените трошоци. Од вкупниот број претпријатија кои ги планираат очекуваните трошоци за купените уреди, повеќе од 30% не биле во можност прецизно да ги пресметаат вкупните трошоци по уред.

Покрај тоа, анализите покажуваат дека претпријатијата кои купуваат професионални уреди почесто вршат анализа на вкупните трошоци (TCO). Во сегментот на дистрибуција, на пр. TCO пресметале 70% од претпријатијата кои користат професионални уреди, а само 45% од претпријатија кои се одлучиле за купување на вообичаените PDA уреди. Во сегментот на малопродажба, вкупните трошоци ги пресметале 54% од корисниците на професионалните уреди и само 25% од корисниците на PDA уредите.

Истотака, утврдено е дека вкупните трошоци (TCO) за професионални мобилни компјутери кај сите категории кои ги анализирала компанијата VDC, биле пониски од трошоците за PDA уреди. Најголемата разлика се покажа во секторот дистрибуција каде вкупните трошоци за PDA уредите просечно изнесувале 2.526$ по единица, а трошоците за професионални преносни уреди 1.513$. Интересен е фактот дека најмалата разлика во трошоците е прикажана во секторот производство. Трошоците на PDA уредите кај производните претпријатија изнесувале просечно 2.558$, а трошоците за професионални мобилни компјутери изнесувале 2.420$.

Како и што се очекуваше, анализите покажаа дека најчесто PDA уреди купуваат претпријатија од здравствениот, туристичкиот и угостителскиот сектор и претпријатија кои пружаат различни видови услуги на терен, додека претпријатијата кои се занимаваат со малопродажба, дистрибуција и производство, по правило се одлучуваат за купување на професионални уреди.

Некои категории претпријатија кои функционираат во мешана средина, за различни намени користат различни уреди. Во секторот на пружање услуги на терен, професионалните уреди се користат за одржување, за читање на мерни уреди и контрола, а PDA уредите се користат за продажба на услугите за осигурување и за различни видови анкетирања.

На претпријатијата кои се определуваат за набавка на мобилни компјутери, VDC им препорачува пред купувањето да извршат темелна анализа на вкупните трошоци (TCO), затоа што многу од нив ги предвидуваат трошоците дури по нефункционирањето на уредите и нивното влијание на ефикасноста, квалитетот на услугата и конечно исплатливоста на функционирањето.

Испрати до пријател  
Верзија за печатење  

 

Подрачја на примена  l  Решенија  l  За корисници  l  За нас  l  Контакт