Choose languageLanguage

Zone Touch е серија на терминали за регистрација на работно време, кои се одликуваат со широк дијапазон на функционалности, економичност и поддршка на голем број RFID технологии на картички. Покрај стандардниот компактен модел, на располагање се и модел со читач на отпечаток од прст и модел со четири типки. Функционалноста на контрола на пристап достапна е преку дополнителната единица Zone Door. Со својата компактност и едноставниот дизајн, серијата уреди Zone Touch претставуваат едноставно, елегантно и економично решение за евиденција на присутност на работното место. Вградениот читач на картички ги поддржува следните формати HID® iCLASS SE®, HID® iCLASS Seos® и MIFARE® DESFire® EV1 SE. Истотака, можат да се поврзат и бројни надворешни читачи.