Choose languageLanguage
Blog

Премин од Windows Mobile на Android

Преод од Windows Mobile на Android
Datum
26/05/2021

Дали имате апликации кои работат стабилно на Windows Mobile или Windows CE платформата и планирате да се префрлите на Android? 

Ако сè уште не сте размислувале за тоа, сега е моментот  посериозно да пристапите кон замена на уредите со Windows Mobile со посовремени Android уреди. Microsoft неодамна ја прекина поддршката за уреди со системот Windows Embedded.

Што тоа значи за вашите мобилни терминали во производствените капацитети, магацини и продавници на кои е инсталиран наведениот систем?

Вашите уреди сè уште ќе работат, но ќе се појават проблеми кога ќе ви биде потребна  техничка помош. За надградување на вашиот синџир на снабдување, ќе биде потребна надградба на опремата на оперативниот систем Android.

Како што споменавме, вашите уреди ќе работат, но ќе ви биде неопходна техничка поддршка од производителот за стандардни функционалности на софтверот.

Сепак, би сакале да ве предупредиме за следниве потенцијални проблеми:

  1. Најважно е да се заштитат деловните процеси од безбедносни закани. Тоа го обезбедуваме со надградба на оперативниот систем, и на тој начин обезбедуваме заштита од најновите познати ранливости на системот.

  2. Кога ажурирањата на системот повеќе не се на располагање, компанијата треба да прекине со употребата на уредите.

  3. Кога ќе одлучите да купите нови мобилни терминали, при носењето на одлуката земете го во предвид нивото на техничка поддршка и периодот на одзив.

Повеќе за проблемите со кои најверојатно ќе се соочите доколку продолжите да ги користите терминалите со Windows Mobile или Windows CE, за кои повеќе нема да има обезбедена техничка поддршка, за предностите на системот Android  и зошто Zebra реши целосно да се префрли на Android, можете да прочитате на следниов линк:

Кој уред да го одберете за  да ви овозможи работа сега и во иднина?

Најголемиот светски производител на професионални мобилни уреди Zebra може да понуди неколку модели кои можат да се надградат од Windows на Android:


Zebra MC9300Zebra MC3300Zebra TC52
Zebra MC9300
Zebra MC3300
Zebra TC52
  • Погоден за средини со поголеми барања,  отпорен на прашина, студ, со IP67 заштита, издржува пад до 2,4 метри на бетон,
  • соодветен за магацини и производство ,
  • ергономски дизајниран за интензивна секојдневна употреба,
  • избор помеѓу четири различни тастатури ,
  • 1D и 2D скенер, на располагање се и long-range читачи.
  • Погоден за трговија, магацини  и производство заради IP54 заштитата од прашина и вода,
  • 1D и 2D скенер, на располагање се и читачи со долг дострел кои можат да прочитаат баркодови  на растојание до 21 метар,
  • достапен во три верзии: со рачка, ротирачки или директен читач.
  • Мобилните терминали Zebra Android 8.0 Oreo се прилагодени за целодневна професионална употреба,
  • скенерот чита 1D и 2D баркодови дури и понепречено и поефикасно од неговите претходници,
  • WIFI, Bluetooth, 4GB RAM,
  • TC52 работи одлично и во затворен простор и на терен.
Повеќе за MC9300...Повеќе за MC3300...
Повеќе за TC52...

Ова се само три модели кои можат да се надградат.

Zebra е секогаш сигурен избор, треба да се напомене дека има и многу повеќе искуство со Android во однос на другите производители, кои започнаа да се занимаваат со споменатиот оперативен систем многу подоцна.

Можеме да ви помогнеме да преминете од Windows на Android

Нашите експерти ви стојат на располагање за совет и помош. За дополнителни совети, одговори и придобивки, контактирајте не.