Choose languageLanguage
Blog

Прием и испорака на артикли - движење на артиклите во магацин

Прием и испорака на артикли - движење на артиклите во магацин
Datum
22/01/2020

Кога зборуваме за движење на артиклите во магацин, воглавно сме фокусирани на „прием и испорака “, односно на стабилен, непречен, агилен и ефикасен проток на артикли.

Меѓутоа, во пракса работите се многу покомплицирани од тоа:

Каде да се вскладиштат новопристигнатите артикли, посебно во време на сезона или кога артиклите се со големи габарити?

  • Како со сигурност може да се знае локацијата на конкретниот артикал во мало претпријатие , каде по правило работата на складиштење и мапата на магацинот се доверува на поединец („Марко знае се на памет, тој е волшебник “), кога тој поединец ќе отиде на одмор, боледување или не дај боже даде отказ?
  • По кој редослед од постојните залихи да се испорачаат артиклите, кога станува збор за артикли кај кои е важен датумот на истекување на рокот на употреба?
  • Како да се искористи севкупниот потенцијал на тимот?  Како да се избегне губење време во пребарување по документација и податоци, имајќи предвид  дека луѓето во овој сегмент не можат да се споредат со ефикасноста на компјутерите?
  • Како грешките да се сведат на минимум, со цел корисниците да не ги враќаат пратките со артикли кои не ги нарачале ?
  • Како бројот на грешки кои се случуваат поради сличности на артиклите да се сведат на минимум (на пример: еден фотоапарат има можност за безжично пристапување на интернет, а другиот нема – а се со идентичен изглед)?
  • Како обемот и употребата на хартиената документација да се сведе на минимум (на пример: внесување на податоци во ERP или некои други информациски системи, со помош на кои би се печателе етикети со баркод за означување на пратки)?

Кои одговори можеме да ги дадеме на овие предизвици, со цел да ја зголемиме продуктивноста, да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме конкуретноста (пример, снижување на цените и пократки рокови)?

IT решенијата кои се наменети за управување со магацин, обично се состојат од софтверски и хардверски дел.

Софтверот за WMS (или само WMS) обезбедува реални податоци во реално време. Тоа овозможува правилни и брзи одлуки кои се однесуваат на оптимално распоредување на примените артикли во магацин, како и испорака на истите по принципот “прв примен, прв испорачан”, или по некој уште подобар принцип, за постигнување на идеален промет на артикли со ограничен рок на употреба. Со ваков WMS, пописот на артиклите во магацинот веќе не е неопходен: сите податоци со кои се работи се точни, прецизни и актуелни. Ниту еден вработен (дури ни Марко), не е повеќе незаменлив, нема потреба да постои „лице кое единствено знае каде кој артикал се наоѓа“.

Хардверот (баркод печатари , баркод скенери, мобилни компјутери, опрема за  Wi-Fi комуникација) се грижи за нарачките и испратниците и нивната прецизност – исклучени се грешките од вработениот, кои неминовно се случуваат кога податоците во системот се внесуваат рачно. Вработените во магацинот се опремени со мобилни компјутери (рачни терминали), кои можат да скенираат баркодови и да даваат инструкции каде артиклот да се лоцира, на која позиција во магацинот и кои се следните артикли кои треба да се комисионираат.

Доколку притоа и преносот на податоци се одвива во реално време, преку Wi-Fi мрежа, не треба да не чуди што движењето на артиклите низ таквиот магацин достигнува значајно повисоко ниво на проточност, а клиентите ги добиваат токму оние артикли кои ги нарачале, во најкратко време, сосема спротивно на она што се случува во магацините кои не се информатички поддржани.

Да ја споменеме и исплатливоста на воведувањето добри WMS системи. Многубројните позитивни искуства на компаниите говорат дека тука не смее да има дилема, единствено прашање кое се поставува е: како да се одбере добар WMS систем и добар партнер за имплементација?

Доколку сакате да ја дознаете цената или сакате да дознаете повеќе за нашите искуства и препораки или сакате референтна листа која ја поседуваме или можеби сакате да дознаете повеќе за практичните искуства во примената на напредните системи за управување со глас во магацините (Voice технологија), контактирајте не.