Choose languageLanguage
Blog

Регистрација на работно време: купување наспроти изнајмување

All_hours_smark_clocking
Datum
01/07/2024

Сè повеќе компании употребуваат web SaaS решенија (софтвер како услуга) за да реализираат барем дел од нивните деловни потреби. Прочитајте зошто е тоа така.

5 минути читање

Во случај кога изнајмувате систем за регистрација на работно време, можете брзо да започнете со работа без стартни трошоци, па дури и без терминали за регистрирање на работното време. Не ви е потребна никаква машинска опрема, само вашиот паметен телефон.

Ниски стартни трошоци

Ако употребувате cloud базирано решение за регистрација и евиденција на работно време, нема потреба да инсталирате дополнителна опрема за евиденција на работното време. Тоа значи нема дополнителни инвестиции во инфраструктура. Кога купувате стандардни десктоп решенија, трошокот за лиценци е првата ставка на фактурата, додека пак инсталацијата и конфигурацијата претставуваат дополнителен трошок. Кога користите cloud решенија, сите овие трошоци отпаѓаат. Наемнината зависи од бројот на корисници.

Ниски трошоци на сопственост - изнајмување наспроти купување

Со тек на време, одржувањето на машинската и програмската опрема станува голем трошок. При употреба на web решение за евиденција на работно време, трошоците за одржување се веќе вклучени во цената. Поради фактот што не треба да се грижите за инфраструктурата, не мора да плаќате и за дополнителен персонал во IT одделот.

Дали сте заинтересирани за ценовникот за изнајмување решение за евиденција на работното време?


Моќна и безбедна инфраструктура

Одредени лица чувствуваат загриженост во врска со зачувувањето на податоците кај web услугите. Всушност, неколку деловни IT околини се во најтесна конкуренција и се во употреба од страна на понудувачите/провајдерите на cloud решенија. Доверливоста и безбедноста се најважните компоненти за секој понудувач/провајдер на SaaS решенија. Решението за регистрација и евиденција на работно време се наоѓа во cloud сервисот Microsoft Azure, кој се смета за еден од најбезбедните во светот.

Достапно од секаде и во секое време

Одлична карактеристика на секое web решение е да можете да го употребувате од секаде, во секое време, на кој било уред поврзан на Интернет. Не треба да воспоставувате VPN конекција со мрежата на компанијата за да ги прегледате податоците. Апликацијата All Hours е лесно достапна од вашиот паметен телефон, што е особено корисно за вработените кои често работат на терен или работат од дома.

Нема потреба од корекции и надградби

Web решението за евиденција на работно време е секогаш достапно во најновата верзија и не треба да се грижите за ажурирање на корекциите. И не заборавајте на системските ажурирања - ниту тоа не е ваша грижа. На серверите секогаш се инсталирани и ажурирани сите програмски корекции. Корекциите секогаш се инсталираат во време кога има најмалку сообраќај на серверот, за да се избегне значителен прекин во работата.

Усогласеност со GDPR

Повеќето cloud решенија за евиденција на работно време обезбедуваат хронолошка ревизиска трага, преку која се согледува кој гледал, креирал, извезувал, уредувал или избришал податоци за вработените. На овој начин, можете да им докажете на надзорните органи дека сте имплементирале ограничувања при обработка на податоците и да дадете на увид како и кога биле обработувани податоците, како што е пропишано со GDPR. Доколку вашите вработени работат во ЕУ, овие барања за вас се обврзувачки.

Флексибилност

Со web решението за евиденција на работно време лесно можете да започнете со помалку опции и постепено да активирате нови функции, согласно барањата на вашиот бизнис. Истото важи и за деактивирање на претплатата или менување на понудувачот/провајдерот на услугата. Ова ви овозможува целосна флексибилност и промена на алатката. All Hours исто така ви овозможува флексибилност во начинот на кој го евидентирате работното време; можете да го користите вашиот паметен телефон, web-прелистувач или BLE beacon - што најмногу ви одговара!

Евидентирање на локацијата

Секоја регистрација на мобилен телефон е опремена и со GPS координати. All Hours јасно ви покажува каде се направени регистрациите и кои од нив се направени во рамките на дозволената област, на пример во седиштето на вашата компанија. Со функцијата Geofencing, доколку ја сакате, имате уште поголема контрола. Регистрацијата на работното време можете да ја ограничите само на дозволените точки, од било кое друго место регистрацијата воопшто нема да биде возможна.

All_hours_Geo_fencing

Регистрацијата на работното време во cloud нуди бројни напредни функционалности


Тоа не е само обична верзија на системот која може да се инсталира на домашните сервери. Регистрацијата и евиденцијата на работно време како услуга овозможува меѓу другото:

  • Евидентирање на присутност, службени патувања, прекувремена работа...
  • Потврдување на отсуства
  • Извоз на податоци за подготовка на плата
  • Ограничување на евиденцијата на работното време по локации
  • Регистрација на работното време преку телефон, како и евидентирање на работно време со картичка или преку web 
  • Безбедноста и приватноста се овозможени преку ревизиската трага 

Испробајте гo All Hours бесплатно

  • Кредитна картичка не ви е потребна
  • Пробниот период е бесплатен и трае 14 дена
  • При употреба на апликацијата ви помагаат консултантите од Špica