СКС го воведе RFID дигиталниот попис на основни средства
Стопанската комора на Словенија (СКС) е меѓу најстарите организации во државата, која годинава слави 170 години од своето постоење. Отсекогаш била во чекор со времето и технологијата, што се докажува преку интензивната дигитализација на работењето, која се одвива под раководство на Uroš Snedic, одговорен за подрачјето на дигитализацијата во СКС, која годинава воведе дигитален попис на основни средства со примена на RFID технологија, користејќи го решението Frontman Find.
Стопанската комора на Словенија (СКС) е најголемата, најмоќната и највлијателна алка во словенечкото стопанство. Нејзината основна мисија е подобрување на деловното опкружување, кое придонесува до поголем економски раст. Комората е свесна за императивот на дигитализацијата веќе подолго време, затоа брзо напредува во дигитализацијата на своето работење, сакајќи да стане главен понудувач на дигитални услуги за економските субјекти, согласно сеопфатната дигитална стратегија.
Попис без молив и хартијa
Со Uroš Snedic разговаравме точно еден ден по пописот. Пописот оваа година доживеа промени, иако долго време веќе се одвива без молив и хартија. Оваа година вработените за последен пат пописот го правеа со читање на баркодови. Стопанската комора на Словенија меѓу првите во државата ги воведе RFID таговите за означување на основните средства и просториите, тоа ќе овозможи пописот на основни средства во иднина да се одвива значително побрзо и уште поточно.
Оваа година со воведувањето на решението Frontman FIND, кое го имплементира компанијата Špica International d.o.o., се воспостави една просторија за тест, во која се применуваше стариот и новиот начин на попис на основни средства. Се дојде до заклучок дека заштедата на време при реализацијата на следниот попис ќе биде значителна, со новата технологија вработените уште на самиот влез од просторијата ќе имаат информација што во тој простор се наоѓа.
"При овогодинешниот попис одлучивме за премин на RFID технологија, сите средства покрај баркод, ќе имаат и RFID тагови. Во иднина, вработениот нема да има потреба физички да доаѓа до секој баркод, пописот ќе се изврши исклучително брзо и од далечина. Цениме дека по тој основ ќе заштедиме еден човек месец/часови (во пари)" ни одговори Uroš Snedic, директор на Секторот за дигитализација и раководител на Центарот за информатички системи во Стопанската комора на Словенија, и додаде дека вработените новината ја дочекале со воодушевување, посебно и заради фактот што инвестицијата на организацијата ќе и се врати веќе следната година.
Нема потреба од страв од дигитализација на работењето
"СКС на подрачјето на дигитализацијата е пример за многумина во Словенија. Работиме скоро целосно без хартија и се стремиме важноста на дигитализацијата на работењето да ја претставиме пред нашите членки и на пошироката јавност," рече Snedic. Тој истотака го претстави и својот рецепт за успех: "Дигитализацијата не смее да не плаши. Треба да се започне од процесите каде е присутна најголемата болка, а компаниите треба да вложат што е можно повеќе во развој на дигиталните вештини на вработените. Короната е идеално време за дигитализација на работењето, вработените имаат интерес од тоа, па автоматски е полесно и имплементирањето на решенијата."
СКС е веќе во многу добра дигитална кондиција. Голем број од деловните процеси се во целост дигитализирани, побрзо се извршуваат, вработените ги усвоија дигиталните решенија, кои и во пракса се гледаат, сега функционираат поефикасно и со помал напор. Целта на работењето без хартија е скоро целосно постигната, Комората употребува електронски фактури, е-нарачки, е-договори, пред некое време започнавме и со употреба на електронски патни налози.
Snedic е апсолутно свесен дека дигиталната трансформација на процесите бара постојано одржување на одлична дигитална кондиција:
"Веќе имаме планови за следните значајни чекори, во блиска иднина не очекуваат два поголеми проекти, сега треба да го обновиме централниот деловно-информациски систем (ERP), како и решението за управување на односите со странките (CRM)."
Дигиталната трансформација бара време
Претпријатијата од сите форми и големини на возот на дигитализацијата тргнуваат од различни точки, а сите наидуваат на истите препреки. Надминувањето на овие препреки зависи од повеќе фактори. Парите можат да ги решат предизвиците за набавка на современи технологии, но клучни се луѓето кои овие технологии ги применуваат.
"Во процесот на дигитализација на работењето, претпријатијата најчесто се зафаќаат со IT-секторот, а всушност дигитализацијата се однесува и на процесите, културата, луѓето, воведува нов начин на управување« вели Snedic и го предлага следново од аспект на мотивацијата на вработените за промена:
"Соработниците ги охрабрувам со свој личен пример и посветеност кон работата, се обидувам да ги донесам до точка, кога самите ќе почнат да копнеат за нови знаења, ќе размислуваат за иновации и ќе предлагаат нови решенија."
Искуството на СКС покажува дека на дигиталната трансформација на работењето, големо влијание има грижата за образување на вработените. Здружението за информатичка технологија, кое функционира во рамките на Комората, организира обуки за вработените на Комората, а воедно прави трансфер на знаење и за вработените на надворешните партнери.
"Фокусот на обуките е за области каде корисниците имаат најголеми проблеми. Во изминатите месеци голем дел од обуките беа насочени за работата и состаноците од далечина" вели Snedic , нагласувајќи: "Вработените во IT одделот заклучиле дека во пракса се најуспешни кратките обуки за клучни работи-односно оние кои решаваат клучни прашања и предизвици за корисниците."
Како и во сите компании, така и СКС се соочи со отпор во имплементацијата на современите технологии и работни процеси, пред се од страна на повозрасните вработени, кои подоцна ги придоби на своја страна.
"Отпорот кон дигитализацијата го решивме преку разговори- и индивидуални и групни- и со практична демонстрација. Штом вработените ќе видат и ќе тестираат дека новиот начин на работа или дигитална алатка е попрактичен и поефикасен, потоа почнуваат да веруваат " објасни Snedic.
Деловни е-каталози
Во моментов СКС дизајнира решение за подготовка на електронски каталози за словенечките компании, со цел на домашните и странските компании да им се олесни барањето информации. Индустриските и тематските каталози ќе бидат на располагање како на интересните групи, така и на посетителите, со овие каталози Комората сака да стане понудувач на дигитални услуги. Истотака, подготвува и API interface-и, кои ќе овозможат различни интеграции со деловно-информациски системи, овозможувајќи поажурен и поточен приказ на податоците за деловните субјекти.
"Комората бележеше просечна посетеност од околу 10 илјади посетители месечно. Тековните мерки и здравствената ситуација го ограничија бројот на физички контакти, а ние воведуваме нови решенија во согласност со нашата мисија и стратегија. Компаниите и претприемачите ќе можат да дојдат во комората по нови и свежи идеи по дигитален пат.
"Тие се секогаш добредојдени со своите идеи, производи и услуги, СКС и нејзините канали можат да се искористат како нивен дигитален изложбен простор," заклучи Snedic.