Евиденција на работно време наспроти следење на времето при работа на проект - каде е разликата?
Постојат бројни достапни онлајн алатки за управување со работното време во организациите. Сепак, тие се фундаментално различни по својата намена и функционалности.
Приближно би можеле да ги поделиме на (1) Евиденција на работно време и (2) Следење на време при работа на проект.
- За што би го користеле следењето на времето при работа на проект (My Hours)?
- За што би го користеле следењето на евиденцијата на работно време (All Hours)?
- SPICA All Hours vs. My Hours Features
Нашата компанија нуди два вида решенија:
- All Hours е апликација за евиденција на работно време на вработени и
- My Hours е апликација за следење на времето при работа на проекти.
Тие одлично функционираат заедно.
Забележуваме дека кога се одлучува кое решение да се користи, нашите клиенти се во недоумица што да одберат. Тие бараат одредени функционалности од едната апликација да ги има во другата и обратно.
Решивме да ви помогнеме со неколку практични примери, за тоа што секоја од нашите алатки може да направи за вас. Подолу ќе видите табела која ги споредува основните функции.
Пример поседувате компанија за дизајн на веб страници со 30 вработени. Ова значи дека вработувате програмери, графички дизајнери, маркетинг експерти, администратори, луѓе во одделот за човечки ресурси… Вашата компанија работи за различни клиенти, на кои им наплаќате по различни цени, за различни проекти.
За што би го користеле следењето на времето при работа на проект (My Hours)?
My Hours е алатка за следење на времето при работа на проект. Можете да го следите времето на задачите извршени на различни проекти за неограничен број клиенти.
Можете да делегирате задачи на членовите од вашиот тим и да го следите нивниот напредок. Ќе добиете детални извештаи за активностите и ќе можете да генерирате фактури за вашите клиенти во различни фази од проектот.
Секако, можете да поставите различни стапки за наплата за вашите проекти. На пример, можете да поставите стапка од 20 долари на час за конкретен проект. Ова значи дека секој час во рамките на овој проект ќе биде наплатен по стапка од 20 долари.
Ако сакате стапките на вашите дизајнери да бидат повисоки од стапките на вашиот тим за поддршка, на пример, ќе поставите стапка базирана на членовите од тимот. Третата опција е стапка базирана на задачи, каде што поставувате различни стапки за различни задачи. Вашиот програмер Хари ќе направи кодирање на веб страници по стапка од 40 долари на час и тестирање на веб страници по стапка од 20 долари на час.
My Hours ви овозможува да го следите преостанатиот буџет за проектот – без разлика дали во вкупни средства на проектот или во вкупни часови на проектот.
My Hours е исто така одличен за оптимизирање на времето, бидејќи можете точно да видите каде „протекува“ времето - можеби ќе откриете дека вашите вработени трошат 2 часа дневно одговарајќи на интерни е-маил пораки. Во тој случај, можеби ќе размислите за оптимизирање на комуникациите.
За што би го користеле следењето на евиденцијата на работно време (All Hours)?
SPICA All Hours е напредна апликација за евиденција на работно време. Значи, поседувате компанија со 30 вработени и потребно е да подготвите плата за нив, а истовремено треба да ги испочитувате и законските прописи за работно време.
Ова значи дека сте во можност да покажете дека вашите вработени работат одобрена прекувремена работа и дека им е доделен законски минимум денови за годишен одмор и паузи.
Во All Hours вашите вработени користат регистрациски терминал за да ги регистрираат своите доаѓања, заминувања и паузи. Збирот од нивните вкупни часови се пресметува во реално време. Кога поставувате дневен часовен план, можете да ја следите и евидентирате и прекувремената работа. Можете да ги превземате временските листи кога ќе треба да ги подготвувате платите за вашите вработени.
Вработените ги поднесуваат своите барања за отсуство (боледување, годишен одмор ...) преку веб-апликација или мобилна апликација, кои потоа се одобруваат или одбиваат од администратор. Може да назначите администратор во секој оддел.
SPICA All Hours ги следи преостанатите денови за годишен одмор, кои се достапни на увид за администраторот и за вработениот во секое време. Исто така, лесно може да се види кој е моментално присутен на работа.
Можете да дефинирате работен распоред и задолжителни часови кога сакате сите да бидат присутни на работа (да речеме за неделен состанок за синхронизација) и да добиете известување ако некој е отсутен без дозвола. Можете да примените различни нагодувања за различни оддели, па дури и да ги персонализирате според индивидуални вработени.
SPICA All Hours наспроти My Hours функционалности
Да ги разгледаме различните функционалности при евиденцијата на работно време и следењето на времето при работа на проект.
| Функционалност | Евиденција на работно време | Следење на време при работа на проект |
| Регистрациски терминал | x | |
| Временски листи за плата | x | |
| Управување со одмори | x | |
| Управување со боледувања | x | |
| Систем на барања за отсуства | x | |
| Информации за присуство | x | x |
| Салдо на прекувремена работа | x | |
| Управување со паузи | x | |
| Нагодувања за работно време | x | |
| Нагодувања за дневен часовен план | x | |
| Побарани нагодувања за време | x | |
| Увоз на празници | x | |
| Следење на локација | x | |
| Ревизиска трага | x | |
| Мобилна апликација | x | x |
| Веб апликација | x | x |
| API | x | x |
| Временски листи | x | x |
| Следење време | x | |
| Следење време по проекти | x | |
| Следење време по задачи | x | |
| Следење време за неограничен број клиенти | x | |
| Управување со проекти | x | |
| Буџетирање | x | |
| Фактурирање | x | |
| Стапки за наплата | x | |
| Извештаи за активности | x | |
| Делегирање задачи на членови од тим | x | |
| Следење задачи | x |
Откако ќе го прочитате ова, можеби ќе откриете дека всушност ви се потребни и All Hours и My Hours - во повеќето случаи тоа е вистина.