Choose languageLanguage
Blog

Zebra MC9400 – терминал, кој носи револуција во магацинското работење

Zebra MC9400
Datum
14/06/2024

На пазарот се појави новиот преносен терминал Zebra MC9400, кој е наследник на исклучително добро прифатениот претходник MC9300 (се смета за најупотребуван преносен терминал во светот).

Времето е пари, не го трошете залудно

Без оглед на големината на вашата компанија и обемот на производи со кои работите, најверојатно во вашиот магацин се соочувате со слични предизвици како и другите компании. Секоја компанија сака да има што е можно помалку технички пречки и компликации кои одземаат многу време и ја намалуваат продуктивноста и конкурентноста на компанијата, посебно кога станува збор за попис на залихи, обработка на податоци, влезна и излезна логистика.

Предизвиците во магацинот меѓу другото вклучуваат тешко достапни места, слабо читливи или оштетени кодови, недостапност на производите складирани на повисоки локации, слаба мрежна поврзаност на терминалот во надворешни средини, неефикасни стратешки одлуки за поставување на производите, доцнење во издавањето и изборот на артикли, доцнења при обработката на податоците и слично. Ваквите предизвици на вработените им го одземаат трпението и мотивацијата, а пред се и драгоценото време, за кое работата би можела да се заврши побрзо. Бидејќи компанијата е поврзан синџир на процеси зависни од управувањето со залихите, оптимизацијата на работата во магацинот е основа на продуктивноста на целата компанија.


Како да се зголеми продуктивноста во магацинот?

За среќа, магацините располагаат со се повеќе техничка опрема, која им овозможува не само полесно и побрзо работење, туку и можност да ја следат побарувачката. Ефикасниот систем на означување на артиклите, напредните преносни читачи на кодови, добрите системи за обработка на добиените податоци и системите кои се грижат за управување со процесите во магацинот, имаат тенденција да ја оптимизираат работата што е можно повеќе во реално време, така што магацинот може да се управува колку што е можно поажурно.

Сакате понуда?

info@spica.com.mk

+389 2 2401 750  



Основата на еден севкупен систем кој добро функционира е опремување на персоналот во магацинот со читачи на кодови со највисок можен квалитет, кои овозможуваат брзо и прецизно добивање на клучните податоци и беспрекорна употреба на WMS апликацијата, а со тоа оптимизација на работните процеси и намалување на трошоците. Без ефикасна, брза и прецизна опрема, можат да се појават грешки кои можат да доведат до лоши искуства кај клиентите.

Технологијата во оваа област напредува исклучително брзо и може значително да ги намали предизвиците за кои постојано бараме решенија. Затоа е важно редовно да се следи новата достапна технологија на пазарот и да се биде во чекор со времето. Напредната опрема не само што може да ги забрза и олесни работните процеси, туку и да го прошири делокругот на работа и да ги актуализира податоците, на тој начин овозможувајќи  психичко и физичко растеретување на работниците, да ја зајакне безбедноста на работниците во магацинот и да го намали нивното отсуство од работа.

MC9400_vili_ar

Најдоброто што го нуди пазарот во моментов: преносен терминал Zebra MC9400

Веруваме дека се препознавте во некои од предизвиците наведени погоре и дека ќе бидете задоволни од фактите за напредокот на технологијата на подрачјето на преносните терминали. Чекорот напред е толку голем,  што веќе нема да може да се замисли враќање во минатото. На пазарот се појави новиот преносен терминал Zebra MC9400, кој е наследник на исклучително добро прифатениот претходник MC9300 (се смета за најупотребуван преносен терминал во светот). Новиот Zebra MC9400 решава долготрајни и тешко решливи предизвици во работните процеси и во исто време значително ги менува.

Го трансформира претходно недостижното во достижно - во дури три подрачја:

1. Пристап до тешко достапни места

2. Функционира во простории без WI-FI поврзување.

3. Ја надминува постојната работна ефикасност.

     MC9400_200_X_300

Клучна предност секако е поврзаноста со 5G мрежата, која овозможува работа на отворено, Wi-Fi 6E, тастатура и екран на допир во еден уред, поголем опсег на баркод читачот, кој достигнува сè до највисоките полици, брзо декодирање дури и при оштетени и потешко достапни кодови и можност за непосредна обработка на податоците и работа на терен. Преносниот терминал Zebra MC9400 не само што се грижи за врвен попис на залихите, туку и за целата влезна и излезна логистика, овозможувајќи секојдневно користење на WMS апликацијата за управување со магацинот. Овој уред во целост соодветствува на моменталните потреби на компаниите и ги води кон дигитализирана, поефикасна и поконкурентна иднина.

Ефикасен секогаш и секаде

Со новиот преносен терминал Zebra MC9400, ефикасноста во работата се  подига на повисоко ниво. Ги опремува работниците со паметен, мобилен, робусен компјутер кој во голема мера го поедноставува работниот процес и го забрзува стартувањето, ја подобрува безбедноста, продуктивноста, точноста, резултатите и можностите. Читачот кој може да се поврзе со WI-FI, работи совршено на подрачја каде што се извршуваат секојдневни и сезонски активности, но исто така работи и во области без Wi-Fi, како што се дворови и пристаништа. Дополнителна добра вест е што додатоците на претходникот MC9300 се целосно компатибилни со новиот преносен терминал Zebra MC9400, така што не се потребни дополнителни инвестиции во додатоци.

MC9400_ladjedelnica

Интелигентен читач на кодови од блиску и во далечина

Воодушевувачки се и другите технички детали. Преносниот терминал Zebra MC9400 работи на оперативниот систем Android 13, кој може да се надгради до Android 17. Вклучува безбедносни придобивки со LifeGuardTM за AndroidTM и следна генерација na scan engine SE58. Скенерот со продолжен опсег овозможува исклучително долг опсег и ги подобрува постојните стандарди за опсег на скенирање.

Функцијата за двојно снимање му овозможува поголема моќ на употреба по вертикали. Опсегот на скенирање е продолжен, а подобрувањата се исто така значајни и во декодирањето при променлив и фиксен фокус. Зелениот ласерски нишан со висока видливост, кој е до седум пати посветол од црвената нишанска точка, обезбедува (одлична) видливост од 10 стапки дури и при директна сончева светлина, а предната камера во боја од 8 MP овозможува биометриска автентикација и препознавање на лица.

MC9400_hladilnica

Нема повеќе пребарување на изгубени уреди

Друга голема предност е функцијата Zebra Device Tracker, која ги елиминира предизвиците од пребарувањето на изгубени уреди, кои одземаат многу време. Тоа им овозможува на работниците, менаџерите и администраторите непосреден увид во локацијата и статусот на уредите, дури и ако уредот е исклучен или батеријата е испразнета. Пребарувањето уреди во магацинот дефинитивно ја намалува ефикасноста и продуктивноста, наметнува дополнителна работа, предизвикува стрес и го влошува впечатокот кај клиентите. Една грижа помалку, која може целосно да се исклучи со новиот преносен терминал Zebra MC9400.

Преносниот терминал Zebra MC9400 е толку непосреден, интелигентен читач на кодови од блиску и далеку, што ги подигнува стандардите за работа во магацините на повисоко ниво. Тој е навистина добредојден технолошки напредок и одлична основа за подобрена ефикасност и во други подрачја и нивоа на компанијата. Иднината е веќе тука, придружете ѝ се.