Choose languageLanguage

Повеќе од 3.000 успешни имплементации на системот Time&Space.

Регистрација на работно време со мобилен телефон
Мобилност

Регистрација на работно време со мобилен телефон

Мобилниот телефон е неопходна алатка за сите оние кои се стремат кон поголема деловна ефикасност, како и за едноставни и сигурни процеси. На раководителите и на вработените им овозможува работните активности да ги реализираат, од било каде, без разлика на локацијата и времето. Неговата употреба е проширена со функционалност која овозможува безбеден и контролиран влез и излез од објектот. 

Spica Mobile Time
Мобилната апликација Spica Mobile Time нуди можност, со помош на мобилниот телефон или таблетот, регистрирање на секое доаѓање и заминување, поднесување на барање за отсуство од работното место, и воедно да ги прегледате искористените и преостанатите денови за годишен одмор. Благодарение на оваа можност, не е потребно физички да се доаѓа во канцеларија само заради регистрација на работното време. 
HID Mobile Access
HID Mobile Access е мобилна апликација која ви овозможува влез во објектот или просторијата со лесно завртување на мобилниот во вашата рака. Физичката сигурност се обезбедува преку внес на уникатна лозинка во мобилниот телефон и заборавете на стравот од можност за фалсификувана картичка. 
Севкупно решение за евиденција на работно време
Time&Space

Севкупно решение за евиденција на работно време

Евиденцијата на работно време со решението Time&Space претставува основа за управување со сложените деловни и кадровски процеси. Прецизната евиденција на работното време е темел за сеопфатно планирање и управување со работното време, отсуствата на вработените, како и подготовка на податоците за пресметка на плата.

Управување со отсутностите
Електронската најава за отсутност и одобрувањата преку апликацијата Approval Workflow ја скратуваат постапката на одобрување на помалку од 24 часа. Одобренијата можат да се спроведат на повеќе нивоа, а постои можност да се дефинираат и дополнителни одобрувачи со цел да се забрза процесот. За секое доставено барање постои ревизорска следливост. 
Планирање на работното време
Модулот Dynamic Scheduling овозможува едноставно планирање на работните распореди во организации каде постои работа во смени и и работа на повеќе локации. Дефинираните параметри кои се во согласност со работното законодавство, значајно ја олеснуваат работата на планерите и ги намалуваат трошоците во големите компании.
Пресметка на плати
Модулот Payrol Integration Framework (PIF) е врска помеѓу евиденцијата на работно време и системот за пресметка на плата. Модулот ги обработува податоците собрани преку системот Time&Space во согласност со однапред дефинирани параметри на начин да бидат подготвени за пресметка. На тој начин, значително се забрзува процесот на пресметка на плати и останува повеќе време за извршување на останатите работни активности. Автоматската подготовка на податоците заштедува најмалку 3 работни дена месечно административна работа.
Бизнис аналитика
Извештаите кои можат да се генерираат од системот Time&Space се исклучителен ресурс за менаџментот и раководството на кои им се потребни релевантни податоци за своите вработени врз основа на кои носат понатамошни одлуки. Извештаите можат да помогнат во управувањето со кршењето на работното време, како и управувањето со болничките отсуства, годишните одмори и прекувремената работа.
Патни налози
Модулот Патни налози го олеснува подготвувањето на патните налози на подносителот на истиот, на лицето кое го одобрува и на сметководственото одделение. Целата постапка, од отворање на патниот налог, до подготовка на исплата и налог за плаќање, може да се изврши во рамките на апликацијата или преку мобилен телефон. Сите известувања кои се поврзани со поднесеното барање пристигнуваат на e-mail.
Напредна интеграција
Свесни за разликите на деловните системи, се стремиме што е можно повеќе системот да го прилагодиме на вашето деловно опкружување. За таа цел, развивме interface-и кои го поврзуваат системот Time&Space со деловните информациски системи и сметководствените програми, како што се: SAP, Navision, Pantheon, Vasco и многу други. Доказ за тоа се и многубројните сертификати со кои располагаме.  
технологија

Евидентирање на работното време во cloud

За компаниите кои бараат едноставно решение за евиденција на работно време, можеме да ја понудиме опцијата cloud. Cloud решението за евиденција на работно време не бара големи почетни вложувања, брзо се имплементира, а системот редовно се ажурира и одржува. За сите компании кои бараат едноставно, а ефикасно решение, ги развивме апликациите за евидентирање на работното време во cloud AllHours и MyHours која овозможува управување со работното време на проекти. 

Едноставна евиденција на работно време на различни локации

Едноставна евиденција на работно време на различни локации

Web апликацијата AllHours овозможува евиденција на работното време преку мобилен телефон и го потсетува вработениот да го евидентира своето доаѓање, пауза или заминување од работното место. Во профилот на секој вработен со GPS координати се утврдува на кои локации може да се регистрира, а секоја регистрација содржи податоци за локацијата од каде е извршена регистрацијата. На тој начин, се обезбедува коректна евиденција на работното време. 

Транспарентно управување со работното време на проекти

Транспарентно управување со работното време на проекти

Web апликацијата MyHours е алатка за следење на потрошеното време по проекти. Постои можност да се следи евиденцијата на работно време по индивидуални налози и проекти. Нејзината предност е што апликацијата е cloud решение кое овозможува евиденција на часовите на едно место за сите членови на проектниот тим. Можат да се дефинираат и различни методи на пресметка на потрошеното време и да се извезуваат извештаи по различни критериуми. 

30+
години искуство
1.000.000+
корисници
30+
земји каде што сме присутни
3.000+
имплементации на системот Time&Space
опрема

Терминали за регистрација на работно време

Со својот ултра компактен дизајн, терминалите претставуваат едноставен, елегантен и ценовно прифатлив кориснички interface за регистрација и евиденција на работно време.

Zone Touch

Zone Touch

Zone Touch е регистрациски терминал со оперативен систем Linux кој ги поддржува повеќето технологии на RFID картички. Може да се додаде и Zone Door , со цел да се овозможи и управувањето со контролата на пристап. 

преземете ја брошурата
Zone Touch FP

Zone Touch FP

Биометриски регистрациски терминал со Linux оперативен систем, кој овозможува регистрација со отпечаток од прст, а истовремено ги поддржува повеќето технологии на RFID картички. Може да се додаде и Zone Door, со цел да се овозможи и управување со контролата на пристап. 

преземете ја брошурата
Zone Touch KB

Zone Touch KB

Регистрациски терминал со Linux оперативен систем кој овозможува приклучување на надворешна тастатура и ги поддржува повеќето технологии на RFID картички. Соодветен е за индустриска средина, каде вработените употребуваат ракавици.

преземете ја брошурата
Android Time Terminal

Android Time Terminal

Терминалот MATT е преносен регистрациски терминал со Android оперативен систем. Погоден е за локации каде е потребна привремена евиденција и за локации со мал број вработени. 

Што можеме да направиме за вас?

Секоја компанија има свои потреби и барања. Заедно можеме да најдеме вистинско решение кое ќе ви помогне да ги реализирате своите цели и притоа да не ги надминеме вашите финансиски рамки. 

Сакам термин за состанок