Евиденцијата на работно време и контролата на пристап се целосно интегрирани во системот Time&Space.
Контролата на пристап е клучна функционалност на секој Time&Space систем. Вклучува податоци за корисниците, картичките, пристапните точки како и за пристапните права. Покрај тоа, управува со физички поврзаните уреди и аларми, а воедно ги собира и тековните настани. Претставува апликациска рамка за вклучување на понапредни програмски модули, како што е управувањето со посетители, интеграцијата на системите за видео надзор, евиденцијата на работно време и управувањето со присутноста.
Решението за мобилен пристап ви овозможува својот мобилен телефон да го користите за влез во деловните простории. Овој вид на автентикација значително го подобрува и поедноставува пристапот, истовремено нудејќи исто или дури и повисоко ниво на сигурност од она кое го нудат идентификациските картички.
Time&Space вклучува пакети за развој на програмска опрема и програмски interface- и, кои овозможуваат максимално ниво на интеграција, како за контролата на пристап (SpaceAPI), така и за евиденцијата на работното време (TimeAPI).
Секоја компанија има свои потреби и барања. Заедно можеме да најдеме вистинско решение кое ќе ви помогне да ги реализирате своите цели а притоа да не ги надминеме вашите финансиски рамки.