Špica на листата на водечки технолошки Work Force Management (WFM) компании на Gartner
Gartner ја рангира Špica како репрезентативен добавувач на решенија за управување со човечки ресурси (WFM).
Gartner, водечкиот светски провајдер за истражување и консултации од областа на информатичката технологија, во извештајот „Market Guide Report“ од август 2019 година, ја смести Špica на листата на репрезентативни добавувачи на апликации за управување со работна сила.
„The Market Guide Report” наведува дека “следната генерација на апликации за управување со човечки ресурси веќе созрева, но останува голем јаз меѓу решенијата во однос на зрелоста, функционалноста и соодветноста, како во индустријата, така и во географските области. Овој извештај ќе ви помогне да ги изберете вистинските добавувачи.
„До 2025 година, 75% од големите компании ќе инвестираат во решенија за управување со човечки ресурси кои нудат квалитетно корисничко искуство и поддршка за иницијативи поврзани со дигиталното работно опкружување“, наведува Gartner во извештајот.
Time&Space, модуларниот систем на Špica за регистрација на работно време, следење на присуство и контрола на пристап и пакетот
решенија на Špica во cloud се интегрирани со многу решенија за пресметка на плати. Триесетгодишното искуство во областа на управувањето со работното време, значи дека во Špica сме добро запознаени со пристапот кон зголемување на продуктивноста и ефикасноста на управувањето со човечките ресурси. Подобрувањето на корисничкото искуство, мобилноста и меѓусебната соработка на вработените, одамна е важен дел од нашите развојни цели. Зголемената важност на корисничкото искуство, креативноста и иновативноста во постигнување поголема ефикасност кај компаниите, нагласува одредени карактеристики на нашите решенија кои се дизајнирани имајќи ја предвид мобилноста на корисникот.
Нашиот систем во cloud Time&Space 360 ги содржи следниве модули:
- All Hours - регистрација на работното време и следење на отсуствата,
- My Hours - управување со времето на проекти
- Door Cloud - контрола на пристап.
Модулот Dynamic Scheduling е најновиот додаток на програмскиот пакет на Špica за управување со работното време.
Посетете ги нашите web страници и ќе согледате како ние во Špica можеме да ви помогнеме да креирате успешна стратегија за управување со човечките ресурси во дигитално работно опкружување.
Gartner Market Guide for Workforce Management Applications, Sam Grinter, et al, 21 August 2019:
„Gartner не поддржува ниту еден од добавувачите, производите или услугите споменати во истражувачките публикации и не ги советува корисниците да ги изберат само оние производители со најголем рејтинг. Истражувачките публикации на Gartner ги сочинуваат мислењата на истражувачката организација Gartner и не треба да се толкуваат како факти. Gartner се одрекува од сите гаранции, експлицитни или имплицитни, во однос на ова истражување, вклучително и какви било гаранции за нивната комерцијална цел или соодветност за одредена цел.“