Choose languageLanguage
Blog

Microsoft партнер на годината за 2020

Microsoft партнер на годината за 2020
Datum
21/07/2020

Љубљана, 21 јули 2020 година - Задоволство ни е да објавиме дека ŠPICA на најголемиот деловен и технички настан „Microsoft Inspire 2020“ е прогласена за Мicrosoft партнер на годината за 2020 година.

Програмата Microsoft партнер на годината е признание за партнерите кои развија и понудија извонредни технолошки решенија, засновани на најновите технологии на Microsoft. Признанието е потврда за одличноста на Špica во областа на иновациите и воведувањето cloud решенија за управување со работното време и логистиката.

Tone Stanovnik, директор на Špica International изјави: „Признанието е резултат на нашата 30-годишна соработка со Microsoft, која кулминираше во овие неизвесни времиња. Се покажа дека нашата заедничка традиција и упорност, во комбинација со агилното иновирање, нè доведоа до добитна комбинација. Им овозможивме на нашите домашни клиенти и клиентите ширум светот, брзо да се прилагодат на новите услови, со концептите за работа од дома, скратено работно време и безбедна работа од далечина “.

Špica International доби признание за платформата Time&Space, која со миграција на Microsoft Azure, ја поедностави автоматизацијата на клучните процеси во управувањето и заштитата на човечките ресурси. Многу клиенти практично ги користеа предностите на платформата Time&Space, за да ја подобрат продуктивноста на вработените, истовремено зголемувајќи ја нивната агилност и безбедност.

Наградите за Microsoft Партнер на годината се наменети за партнери кои развија и понудија извонредни решенија засновани на технологиите на Microsoft во изминатата година. Овој пат, добитниците беа избрани помеѓу 3.300 номинации во повеќе од 100 земји во светот “, рече Barbara Domicelj, директор на Microsoft Словенија. „И честитам на Špica за ова заслужено признание, кое се базира на 30-годишно успешно партнерство и амбициозни планови за проширување на нови меѓународни пазари, со флексибилност и глобален дострел на cloud платформата на Microsoft Azure.”


За ŠPICA групацијата: 

ŠPICA групацијата е водечки добавувач во Adriatic регионот, на решенија од областа на дигиталната трансформација, управувањето со синџирот на снабдување и управувањето со работната сила. Компаниите во Љубљана, Загреб, Белград, Сараево, Скопје, Подгорица и Њујорк  вработуваат повеќе од 100 експерти. Решенијата на ŠPICA им помагаат на компаниите да ја зголемат ефикасноста и агилноста на процесите во производството, транспортот, логистиката и малопродажбата, долж целиот синџир на снабдување.