Špica и SAP со ново технолошко решение им помагаат на компаниите, дури и во борбата за таленти
Новиот сертификат за развој на Špica ги отвара вратите на големите компании во ЈИ Европа. Интеграцијата на Špica со SAP и новата сертификација се важни за модернизација на управувањето со човечки ресурси. Зошто?
1. За лидери. Бидејќи динамичкото планирање е клучно за успешно управување со претпријатијата, а воедно и за задоволство на сите вработени.
2. За вработени. Затоа што генералниот недостиг од таленти е стратешки предизвик за секоја компанија. Решението на Špica им овозможува на вработените флексибилен работен процес, подобра организација на работа од далечина итн. ...,
3. За компании. Бидејќи флексибилното време и бројните поврзани законски обврски бараат модерно решение кое им овозможува на менаџерите ефикасно управување со работното време.
Кадровскиот базен во Словенија и во регионот станува се попразен. Компаниите се борат за таленти и се обидуваат да ги придобијат на многу начини. Исто така, воведуваат нови технолошки решенија кои ги дигитализираат процесите, ги поддржуваат современите форми на работа и ја зголемуваат продуктивноста. Пример за такво напредно технолошко решение е интеграцијата на Špica со SAP и новата сертификација.
Špica, водечка компанија која нуди решенија за управување со работното време, се здоби со нов сертификат за интеграција SAP S/4HANA ® Cloud, доделен од Центарот за сертифицирање SAP ICC. Špica со својата нова сертификација може да им помогне на најголемите работодавачи во создавањето модерна работна средина, во процесот на дигитализација и зголемување на продуктивноста. Добивањето на новиот сертификат на Špicа International и дава можност да им се обрати на најголемите играчи во регионот на ЈИ Европа. Многу од нив се во процес на дигитална трансформација. Процесот на оваа трансформација обично вклучува надградба на старата SAP верзија со верзијата S/4HANA Cloud.
Времето е злато: со технологија до модерна работна средина и зголемување на продуктивноста
Иновативноста и интернационализацијата најчесто се споменуваат како главни ресурси на потенцијалот на словенечката економија. Меѓутоа, често забораваме на внатрешната организација, на современото работно опкружување, на вложувањата и доброто управување со вработените и дигитализацијата на процесите во овие области. Решението на Špica заедно со SAP сертификатот, им овозможува дури и на најголемите работодавачи да ја зголемат својата конкурентност во овие области.
"Времето е злато. Колку успешно го користиме е она што нè одвојува од просекот. Особено ако сме директори на компанија со неколку стотици, па и илјада вработени. Резултатите се важни. Но, уште поважно е да ги постигнете во најкус можен рок. Дигиталната револуција го менува и управувањето со времето. Алатката SAP ERP може совршено да планира машини, алатки и материјали. На полето на планирање, следење и анализа на присуството и отсуството на вработените, решенијата на Špica веќе станаа незаменливи, " вели Tone Stanovnik, директор и мнозински сопственик на Špica International.
Špica International е официјален развоен партнер на SAP со сертифициран интерфејс уште од 2017 година. Со интеграцијата на решението Time&Space со SAP, овозможено им е на големите и особено на меѓународните компании значително да ја зголемат ефикасноста и да ја поедностават пресметката за плата. Управувањето со работното време е значајно за секоја добра платформа за човечки ресурси која побарува интеграција на кадровската и организациската структура на компанијата од една страна и пресметката на плата од друга страна.
Tone Stanovnik: "Среќни сме што на полето на динамичкото планирање, следење и анализа на присуството и отсуството на вработените, решенијата на Špica веќе станаа незаменливи."
Зошто е потребна оваа интеграција?
Time&Space,
решението на Špica за управување со работното време и контрола на пристап, има
модул кој обезбедува сигурна и ефикасна интеграција со SAP HCM решението и
SuccessFactors, односно SAP HCM решението во Cloud околина. Затоа Time&Space може да се пофали со сертифициран модул за
интеграција со SAP ERP околината, кој претставува кредибилен доказ за
квалитетот и доверливоста на услугата.
HRM/HCM софтверските решенија обезбедуваат поврзан сет на технолошки решенија и модули, кои овозможуваат управување со човечките ресурси. Значаен дел од HRM/HCM системите е и следењето на аналитиката на работното време (работни часови, одмори...), како и обезбедувањето точна пресметка за плата. Бидејќи HRM/HCM системите се дизајнирани на поширока основа и не се строго специјализирани, решението на Špica со интеграција овозможува значително помоќни и пофлексибилни решенија.
Регистрацијата и евиденцијата на работното време се основа за следење на присуството на работното место, болничките отсуства, службените патувања, статусот на работните распореди, итн. Генерално, сите овие се клучни влезни податоци за точна пресметка на плата. Затоа е логично за дигитализацијата на основните административни HR процеси да се користат специјализирани решенија.
Главните предности на интеграцијата помеѓу Time&Space и системот SAP се:
- Зголемена продуктивност: напредно распоредување на вработените, точна евиденција на работното време, прекувремената работа и отсуствата, како и користење на овие податоци за подобри одлуки во деловното работење.
- Усогласеност со законодавството: вградување на GDPR насоките за заштита на личните податоци и други правила, за корисниците веднаш да бидат известени кога ќе дојде до отстапувања од законските одредби.
- Корисничко искуство: При употреба можат да се комбинираат web апликациите, мобилните телефони, терминалите, а преку интеграцијата може да се користи и корисничкиот интерфејс на SAP .
- Пресметка на плата: со интеграцијата е дигитализирана и автоматизирана.
Меѓу корисниците на Time&Space и SAP интеграцијата се следниве компании: Искра Механизми, Словенски железници, Пошта Словенија, Горење, Универзитетот во Љубљана, Спар, Колектор, Интереуропа, Домел, Сокотаб Битола, ТАБ МАК Пробиштип ...
Зошто употребната вредност на интегрираните решенија на Špica и SAP е толку голема?
Корист од интеграцијата на решенијата на Špica и SAP имаат
раководителите и вработените. Tone
Stanovnik појаснува:
Менаџерите добиваат алатка која
овозможува:
- динамичко планирање на работното време,
- следење на времето по проекти и
- аналитика која врз основа на машинското учење овозможува оптимизација на идното распоредување на вработените, координирано со барањата на пазарот, кои се главниот двигател на секоја компанија.
Од друга страна вработените:
- можат да пристапат до своите мобилни телефони (или информациски терминали) во секое време и од било каде и да извршат увид во своите податоци за одделни сегменти од работното време (физичко присуство, работа на далечина, прекувремена работа, болнички отсуства, годишен одмор, работа на празници...)
- преку мобилни уреди или пристап до интернет од било кое место, можат да ги следат динамички планираните распореди кои ги подготвува нивниот менаџер, а можат евентуално и самостојно да се координираат со своите колеги за поединечни замени, се разбира исклучиво во рамките што ги дефинира компанијата (надлежностите, законската регулатива во врска со работното време).
На овој начин, компаниите ги растеретуваат менаџерите како од административна работа, така и од усогласување.
Модерната евиденција на работното време е далеку од едноставно „регистрирање“. Пред се станува збор за динамичко планирање, следење на работата по проекти и конкретни клиенти, флексибилно усогласување на различни категории присуства и отсуства и добра аналитика.
Во
иднина нè очекува интересен, а истовремено и револуционерен пресврт, кога ќе
можеме да преминеме од дијагностика - поглед во минатото - врз основа на
собраните податоци, кон предвидувачка аналитика, која ќе овозможи планирање за
иднината.
За SAP и Time&Space
SAP е водечки понудувач на програмска опрема во светот. SAP ERP е пакет на програмска опрема за планирање ресурси, кој им помага на компаниите при управувањето со различни деловни функции, вклучувајќи финансии, логистика, човечки ресурси и многу повеќе. И SAP SuccessFactors е водечки пакет на програмска опрема во cloud за управување со таленти и човечки капитал. Со SAP SuccessFactors, компаниите можат да управуваат со различните аспекти на кадровските операции, вклучувајќи регрутирање, развој и поттикнување на успешноста на вработените, како и кадровска аналитика.
Time&Space
е интегрирано, ефикасно решение на Špica за контрола на пристап и управување со
работното време. Системот има висок степен на приспособливост. Прилагодлив е на
потребите на широк спектар на компании и организации, без оглед на нивната
големина и географска распространетост. Корисниците на системот, кои се веќе над
1.000.000 во повеќе од 30 земји, се од областа на производството, енергетиката,
трговски компании, банки, осигурителни компании, хотели и бањи, медицински
установи, услужни дејности, образование, општини и државни институции.