Špica на списокот на Security 50 – годишен извештај на индустријата за глобална безбедност

Со гордост објавуваме дека Špica се најде на списокот на „Security 50“ на ASMAG, меѓу 50-те најуспешни компании во светот кои развиваат системи за техничка безбедност.
Благодарение на оваа награда, заокруживме исклучително успешна година на достигнувања, бидејќи покрај наградата „Мајкрософт партнер на годината“, уште еднаш, втора година по ред, од страна на Gartner бевме препознати како еден од водечките производители на апликации за евиденција на работно време.
Да се биде на списокот „Security 50“ ја потврдува нашата непоколеблива посветеност на полето на иновациите во областа на техничката безбедност, посебно на полето на контролата на пристап.
Со напредокот на технологијата се менува и подрачјето на контролата на пристап. Како средство за идентификација, мобилниот телефон сè повеќе ги заменува пластичните картички. Иновативните компании, како што е Špica, веќе нудат решенија засновани на паметни часовници и паметни прстени, кои веќе се тестираат во развојни лаборатории.
Освен тоа, голем дел од информациската инфраструктура се сели во „cloud“, што ја прави контролата на пристап поедноставна и достапна за крајните корисници.
Хардверската инфраструктура Spica „Zone“ со својот дизајн, веќе е прилагодена на овој нов концепт, кој беше забележан од нашите медиумски и технолошки партнери, а резултат на тоа се горенаведените награди и признанија.
Благодарение на ваквите големи технолошки промени, доаѓа и до револуција на деловните модели на дистрибуција и продажба, како и имплементација и одржување на ваквите решенија.