Choose languageLanguage
Blog

Time&Space и термални камери во борба против пандемијата

Time&Space и термални камери во борба против пандемијата
Datum
13/04/2020

Сведоци сме на пандемија на вирусот COVID-19 и на напорите на многумина кои се вклучени на различни начини во борбата против овој вирус. Špica, пред сè, им посакува на сите да го зачуваат своето здравје,  токму затоа  од самиот почеток на пандемијата , се грижиме за заштита на нашите вработени и партнери преку  прилагодување на деловните процеси. Истовремено, започнавме да работиме на прилагодување на нашите решенија за да им помогнеме на компаниите да обезбедат лична безбедност за секој вработен, на тој начин  да ги зачуваат работните места и да обезбедат нормален работен процес, што е можно повеќе во сегашните околности.

Како современите технологии и ние во Špica можеме да помогнеме во оваа криза, најголема од Втората светска војна?

Покрај лекарите кои се директно изложени, слободно можеме да кажеме дека вработените кои стапуваат во контакт со голем број луѓе, се на првата линија на одбрана во борбата против епидемијата. Затоа е потребно да се превземат сите мерки за  да се заштитат што е можно повеќе поединци и организации, но и економијата. Дел од вработените имаат можност да работат од дома, но има и такви кои, поради природата на својата работа, не можат да го сторат тоа. Токму за овие работни места  важно е да се обезбеди дополнително ниво на заштита, за да се спречи можноста од инфекција, но исто така и вработените да можат да се чувствуваат безбедно и на тој начин да ја извршуваат својата работа нормално и продуктивно. Затоа е важно рано да се откријат знаците на инфекција, со цел навремено да се спречи ширењето на епидемијата.

Поврзувањето на системот за евиденција на работно време и контрола на пристап со термални камери за мерење на температурата е особено ефикасно во заштитата на сите вработени, но и на клиентите. На овој начин, термалните камери стануваат алатка во борбата против пандемијата.

Како работи системот?

Во Špica го поврзавме системот за евиденција на работно време и системот за контрола на пристап со термални камери кои ја мерат телесната температура на далечина, без допир.

Благодарение на современите технологии и интеграцијата со системот за евиденција на работно време и контрола на пристап  Time&Space, можно е да се контролира температурата на вработените или поголема група луѓе. За лицето чија измерена телесна температура е надвор од нормалниот опсег, на терминалот за регистрација на работно време се прикажува информација за измерената температура, а истовремено се оневозможува регистрација на работното време. Освен тоа, можно е дополнително да се зголеми степенот на заштита, на начин што врската со системот за контрола на пристап обезбедува вратата или пристапната бариера да не се отвори во случај на превисока температура. На тој начин, уште пред самиот влез во деловните простории, можат да се откријат оние вработени кои имаат симптоми на инфекцијата.

Кој е принципот на работа на камерата? 

За три минути е можно да се измери телесната температура на приближно 500 луѓе  или со други зборови, речиси три лица во секунда. Ова мерење е приближно 8 пати побрзо од класичното мерење на температурата „со рачен уред на челото“. Покрај брзината, камерата се карактеризира со висока прецизност, така што мерењето може да отстапува за само +/- 0,3 ° C. Употребата на овој вид камера е идеална токму поради нејзината висока прецизност, флексибилност, ефикасност и едноставна употреба. Покрај тоа, напредните алгоритми овозможуваат камерата да го открие лицето на личноста во моментот на мерењето и да го насочи мерењето кон очите или челото. При мерење, не е важно дури и ако личноста  има речиси целосно покриено лице (на пример, заштитна маска), носи капа или дури и кацига или има дополнителен извор на топлина, како што е шоља топло кафе.

Замислете  на пример, хотелски систем кој има повеќе од 300 вработени. Невозможно е без помош на технологијата брзо и ефикасно да откриеме дали некој од вработените има висока температура. Со имплементација на систем за евиденција на работно време и контрола на пристап заедно со термални камери, ова може да се постигне на многу едноставен начин. Освен тоа, камерите можат да ја измерат температурата на посетителите кои доаѓаат во хотелот и со тоа да спречат влез на гостин кој има висока температура.

Покрај горенаведениот хотелски пример, ваквиот систем е меѓу првите и најефикасните начини за спречување на ширењето на епидемијата во многу азиски градови. Поради прецизното и брзо мерење на телесната температура и едноставната употреба и инсталација, тие се неопходни на влезните и излезните точки во многу аеродроми, индустриски комплекси, трговски центри, железнички станици, па дури и градинки и училишта.