Со решението Frontman LMS дигитализирајте го целиот процес на означување и подобрете ја ефикасноста во синџирот на снабдување.
Со решението Frontman LMS ќе овозможите дигитална трансформација на вашиот систем за означување. На тој начин ќе постигнете целосна контрола над постапката на означување, ќе ја намалите можноста за грешки и ќе ја зголемите ефикасноста на вработените. Frontman LMS е целосно решение кое вклучува програм за дизајнирање етикети, документациски систем за етикети, алатка за изработка на апликации за печатење, како и систем за печатење и организација на промените. Оптималната работа на системот обезбедете ја со соодветен потрошен материјал и превентивни прегледи на опремата.
Услугата е достапна во три верзии кои се наменети за компании со различна големина. Разликите се состојат во начинот на управување со документите, можноста за поврзување со другите деловни системи и според видот на поддршката.
Frontman LMS во Enterprise и Pro верзија се инсталира на IT инфраструктурата на купувачот. Разликата помеѓу овие две верзии е во можноста за поврзување со други деловни системи и во управувањето со документите.
Секоја компанија има свои потреби и барања. Заедно можеме да најдеме вистинско решение кое ќе ви помогне да ги реализирате своите цели, а притоа да не ги надминеме вашите финансиски рамки.