Со развој на сопствени решенија, се стремиме кон зголемување на агилноста и ефикасноста во работењето на нашите клиенти, олеснувајќи им ја на тој начин реализацијата на нивните планови.
Во нашата работа се водиме од девизата „Најдобри заедно“ - како во разбирањето на поврзаноста на контролата на пристап и работното време, така и кога станува збор за односите со корисниците и партнерите. Управувањето со работното време и контролата на пристап претставува значаен сегмент во функционирањето на секоја организација. Токму затоа односот со корисниците го градиме на доверба, која ни овозможува што подобро да ги запознаеме нивните потреби и да ги избегнеме евентуалните потешкотии во имплементацијата на системот.
Во Špica имаме стручни лица на подрачјето на продажбата, маркетингот, поддршката и развојот. На тој начин, сме во позиција на нашите купувачи да им понудиме решенија кои се резултат на нашиот сопствен развој, деловно и техничко советување, како и сигурна поддршка.

Интеграцијата на Time&Space со SAP системот е сертифицирана од страна на SAP, што гарантира квалитет и сигурност на услугата.

Повеќето Špica решенија поддржуваат MS и Oracle бази на податоци. Воспоставивме Silver Partner статус со компанијата Oracle.

Златната ознака на партнерството е потврда на нашата специјализираност и стручност во имплементацијата на Microsoft технологиите.

Сертификатите ISO/IEC 27001 и ISO 9001 се доказ за посветеноста на Špica на квалитетот и мерило за успешноста.

Zebra ни додели највисок партнерски статус заради посветеноста на квалитетот во изведбата и одличните продажни резултати.

Избрани сме во Honeywell Gold партнерската група, бидејќи ги исполнуваме сите технички и продажни услови во корист на нашите клиенти.

Platinum Partner статусот е доказ за нашата посветеност во развојот на способности и компетенции потребни за имплементација, продажба и сервис на Nice Label решенијата за означување.