Choose languageLanguage
Blog

Воведување на нови технологии за евиденција на работно време како предуслов за зголемување на сигурноста во компанијата

Воведување на нови технологии за евиденција на работно време како предуслов за зголемување на сигурноста во компанијата
Datum
03/02/2020

Во поново време, потребата за замена на картичките и читачите кои работат на застарени технологии станува исклучително важна.  Постојат повеќе причини за тоа, а најважната е зголемувањето на нивото на сигурност, како и високата цена на одржување на застарените технологии. Електронската евиденција на работно време е одличен одговор за таквата ситуација.

Сепак, најважната причина за замена е многу ниското ниво на сигурност на застарената технологија заради се поголемата едноставност во копирањето на таквите картички. Старата технологија на картички можат многу лесно и со мали трошоци да се копираат и на тој начин да ја загрозат сигурноста на имотот и луѓето. Кога картичката се копира, системот не може да ја идентификува копијата од оригиналот, затоа што трагите кои копираната картичка ги остава во системот, се исти со трагите на оригиналната картичка. Со други зборови, тоа значи дека не можеме со сигурност да кажеме кој и кога пристапил во некој одреден објект или просторија. Исто така, кога станува збор за електронска евиденција на работно време, не можеме да знаеме дали навистина станува збор за лицето кое требало да се регистрира или некој друг регистрирал работно време во име на тоа лице. Тоа е само индикатор дека системот не е сигурен, а сочуваните записи не можат да се сметаат за веродостојни, воведувањето на нови технологии е предуслов за зголемување на сигурноста на компанијата и останатите организации.

undefined

Се наметнува прашањето: која технологија на картички е најсигурна? Одговорот на ова прашање не е едноставен. Имено, факт е дека нема апсолутно сигурна и непробојна технологија, токму поради тоа што технологијата многу брзо се развива и потребно е континуирано да се следат трендовите на развој на нови технологии од аспект на сигурноста. Секако би требало да се преиспитаат постојните решенија и да се провери кои се алтернативите на старите технологии. Во таа смисла, замената на картичките со нова технологија е најдоброто решение. Меѓутоа, тоа подразбира и замена на читачите за евиденција на работно време и контрола на пристап. Замената на сите картички и читачи може да биде опсежна интервенција со поголеми барања, затоа во Špicа се трудиме на корисниците да им овозможиме вистински избор на технологии, опрема и постапки, со цел постепено и економично да обезбедат премин кон понапредни технологии . Со цел процесот на замена и премин кон нови технологии успешно да се реализира, на корисниците им советуваме две опции:

1.хибридни картички и

2.хибридни читачи

1.) ХИБРИДНИ КАРТИЧКИ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ И КОНТРОЛА НА ПРИСТАП

Хибридната картичка е комбинација на две технологии: стара и нова. Од сите останати аспекти станува збор за стандардна пластична картичка или привезок.

Ни овозможува на некои читачи да се регистрираме со картички и привезоци од постара генерација, а на некои со картички или привезоци од понова генерација односно технологија. Тоа овозможува континуирана надградба на системот.

2.) ХИБРИДНИ ЧИТАЧИ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ И КОНТРОЛА НА ПРИСТАП

Слично како и хибридната картичка, и хибридниот читач комбинира две технологии. На тој начин, овозможено е читање на стари и нови картички.

Која од овие две опции е најприфатлива? Тоа зависи од конкретниот случај. Нашите стручни лица проценуваат врз основа на прегледот и анализата на ситуацијата, и настојуваат да ги избегнат непотребните трошоци и евентуални проблеми кај контролата на пристап и евиденцијата на работно време, со цел системот да остане функционален , а и сигурноста да биде на високо ниво.

Кога може да се рече дека картичката е застарена?

За картичката или за картичната технологија можеме да кажеме со сигурност дека е застарена, кога цената или сложеноста на копирањето е споредлива или дури помала од изработка на копија од обичен клуч. Со модерните технологии, сложеноста и трошоците на копирање значително се поголеми, до таа мерка што копирањето на картичките во голем број случаи едноставно не се исплати.

Добар индикатор за застареноста е и времето. Со сигурност може да се потврди: колку технологијата е постара, толку е помалку безбедна. Притоа, секако дека треба да се земе предвид фактот дека не се работи за староста на картичката, туку за староста на вградената технологија. Без разлика на тоа што одредена технологија е застарена, на пазарот можат да се пронајдат и такви опции и решенија. Премин на нова технологија порано или подоцна го чека секој корисник. На корисниците им се советува таа работа да ја завршат што порано и секако да ја земат во предвид застареноста на технологијата која ја користат.