Choose languageLanguage
Blog

БАРКОД ИЛИ RFID?

БАРКОД ИЛИ RFID?
Datum
20/07/2020

Баркод и/или RFID технологија, секој кој сака да ја подобри ефикасноста и да ги намали оперативните трошоци во синџирот на снабдување, порано или подоцна ќе се соочи со оваа дилема. Во овој блог би сакале накратко да ви претставиме која од овие технологии RFID или баркод – е подобра за вашите предизвици.

Веднаш да кажеме дека нема едноставен одговор која технологија е поефикасна и посигурна. Затоа, потребно е добро да се размисли и проучи во која насока да се оди. Она што е сигурно е дека двете технологии ги намалуваат грешките од човечкиот фактор и го прават брз процесот на идентификација.

Баркодовите се чини остануваат доминантен начин на означување на производите. Подолу се наведени некои карактеристики, кои ја прават RFID технологијата покорисна од баркодот:

1. Невидливост

RFID читачот лесно го исчитува RFID тагот дури и кога не е во негово директно видно поле. Услов е тагот да е во опсегот на читање на RFID читачот. Кога користите баркодови, секогаш мора да се приближите со баркод читачот, дури и да е 1D, кодот мора да биде во правилна ориентација, за да рефлексијата на светлината од етикетата биде декодирана.

2. Еден против многумина

RFID технологијата овозможува истовремено читање дури и до сто тагови во секунда.

3. Податоци

RFID тагот содржи единствен, уникатен код, што значи дека секој поединечен производ (доколку тоа претставува предност) може да се следи како посебен.

4. Флексибилност

Записот на баркодот не може да се промени, додека записот на RFID тагот може да се промени, доколку е тоа овозможено.

5. Робустност

Заради природата на технологијата, на RFID таговите им е потребно куќиште, кое им овозможува да ги преживеат потешките RFID услови (контакт со хемикалии, удари, прашина, итн.).

6. Брзина

Реализацијата на пописот со помош на RFID технологија е 100 пати побрз. Од трговскиот бренд Gerry Weber известуваат дека со помош на RFID технологијата, за 1 час можат да прочитаат до 25.000 производи, а со помош на баркод 250 производи на час.

7. Автоматизација

Кога RFID системот ќе се воспостави, процесите на следење во најголема мера можат да се автоматизираат, со минимално учество на луѓето.

undefined

Се разбира RFID технологијата има и свои ограничувања, кои при планирање на проектот треба да се разберат и да се земат во предвид. Најважно е да се прифати дека нема 100% читање на RFID таговите. Помалку или повеќе можеме да се доближиме до ова бројка преку паметно поставување и нагодување на RFID антените, оваа активност можеме да ја прифатиме и процесот да го продолжиме до целосно откривање на артиклите означени со  RFID тагови. Тоа може да се направи на пример преку екранот, со повратна информација од читањето, преку најава во RIP системот или преку поставување на повеќе точки во синџирот на снабдување.