Choose languageLanguage
Blog

Попис, духови и зомби

Попис, духови и зомби
Datum
08/04/2020

Пописот на основни средства честопати опфаќа низа изненадувања. Дури и такви кои не се најпосакувани. Погрижете се да ги има што помалку или воопшто да нема такви изненадувања.

Дозволете ми да ви го доверам моето прво искуство со пописот. Убеден сум дека многумина веќе се нашле во слична ситуација како мене, но се надевам дека откако ќе го прочитате следниот текст, ќе има се помалку компании кои ќе се најдат во таква ситуација при пописот на основни средства.

По координираниот договор преку е-пошта, бев во компанијата во договореното време. Добив документ со список на основни средства и локации каде би требало да ги најдам. Кликам, бројам, бележам. Бев скоро на крајот од списокот, кога наидов на шифра која не можев да ја најдам никаде. На списокот пишува дека станува збор за  канцелариско столче. Уште еднаш ги проверив шифрите на сите столици. Едно нема - физички недостасува. Во аголот, пак се наоѓа монитор кој не можам да го најдам на списокот за попис. Имајќи го предвид фактот дека овој простор ми беше доделен за пописот, наведениот монитор би требало да се крие некаде на списокот. Што доколку има грешка во списокот и во него е наведена столица наместо монитор? Ја проверувам шифрата на мониторот. Не, сепак не се совпаѓаат. По завршувањето на пописот, имам едно средство на списокот што не е физички присутно и друго средство во просторот кое го нема во сметководствените извештаи. Сега како?
                              

Добредојдовте меѓу духовите и зомбите на пописот

Така во секојдневниот говор се нарекуваат кусоците и вишоците при попис. Столче кое го нема е дух. Ме прогонува. Знам дека еден стол што недостасува нема да ја осиромаши компанијата, но ако со текот на времето се акумулираат десет такви столици, ова веќе не е занемарливо. Тоа е трошок што директно влијае на добивката или загубата. И други трошоци, на пр. дополнителни трошоци за осигурување. Зошто да осигурувам средства кои фактички не постојат?

Дали ќе ја „покријам“ разликата со зомби? „Зомби“ или скриени средства, се средства што физички постојат, но никаде не се заведени. За жал не.

Пописот може да ве чини многу пари

Веројатно веќе сте ја научиле оваа лекција. Кусоците и вишоците при попис, покрај време побаруваат и парични средства. Со кусокот на столче и монитор што официјално го нема, имавме многу дополнителна работа во компанијата. Имено, надлежниот треба да утврди за кого е набавено средството и каде припаѓа. Сево ова одзема многу време, време кое компанијата треба да им го плати на вработените.

Искуствата покажуваат дека средствата кои погрешно се водат во книговодствената евиденција, претставуваат најголем товар за компанијата, тука спаѓаат канцеларискиот инвентар, опремата, возилата и недвижностите.

Попис на основни средства што може да биде пример за многумина 

Изминатата деценија, стекнав огромно искуство со пописите. Денес веќе немам страв од пописите, посебно доколку компанијата за етикетирање на основните средства користи таканаречени RFID етикети. Со RFID терминалот едноставно влегувам во просторот, а средствата самите се „јавуваат“. Повеќе не ми е потребен испечатен список на основни средства, за проверка на шифрите во него, во минатото ми беа потребни десетина минути. Пописот се завршува за една минута или две, добро, можеби дури и пет доколку станува збор за поголем простор. Да не зборувам воопшто за решавање на неусогласеностите со сметководство.