Choose languageLanguage
Blog

ŠPICA групацијата и IBCS групацијата најавуваат соработка и оснивање на “Алијанса на три мориња”

ŠPICA групацијата и IBCS групацијата најавуваат соработка и оснивање на “Алијанса на три мориња”
Datum
01/02/2020

ŠPICA групацијата, водечкиот системски интегратор и добавувач на решенијата за дигитална трансформација на синџирот на снабдување (Supply Chain Management) и управувањето со човечките ресурси (Workforce Management) во Adriatic регионот и IBCS групацијата, водечкиот интегратор на апликативни решенија за Enterprise мобилност во Централна Европа, објавуваат стратешко партнерство со цел на корисниците да им понудат единствена палета на услуги и решенија.

Членовите на оваа Алијанса се во можност да понудат напредни и комплетни решенија за дигитализација на работењето во земјите сместени меѓу трите мориња – Балтичко, Јадранско и Црно Море. 

Главна цел на Алијансата

“Главната цел на Алијансата е да обезбеди највисоко ниво на услуги и квалитетни решенија за корисниците во десет држави на Централна, Источна и Југоисточна Европа. Партнерството помеѓу овие два пазарни лидери создаде единствен тим со големо искуство и знаење, здружувајќи ги ресурсите на двата партнери, што ќе ни овозможи да испорачаме високо квалитетни и вредни решенија на нашите ценети купувачи на глобално ниво.” изјави Brian Marcel, директор на IBCS групацијата.

“Во последната декада, двата партнери израснаа во водечки играчи на својот пазарен сегмент. Поврзувањето на ŠPICA групацијата и IBCS групацијата ќе ни овозможи пристап до нови пазари и нови начини на соработка со нашите купувачи. Не постои уште некоја ваква организација на целиот Европски пазар која би можела да понуди толку широки и напредни решенија на подрачјето на управувањето со човечките ресурси и синџирот на снабдување на толку големо подрачје” изјави Tone Stanovnik, директор на ŠPICA групацијата.

 

Предности за купувачите и партнерите

Благодарение на ŠPICA - IBCS Алијансата, купувачите ќе добијат пристап до водечките решенија на подрачјето на управувањето со човечките ресурси и синџирот на снабдување. ŠPICA - IBCS Алијансата овозможува не само квалитетни решенија кои ќе го унапредат вашето работење, туку и дополнителни услуги како на пр. одржување кои означуваат високо ниво на квалитет, брзина и професионалност на сите пазари, со локална поддршка во сите земји. Заедничкиот тим на Алијансата брои 300 стручњаци на полето на управувањето со синџирот на снабдување, мобилните апликации, автоматската идентификација и управувањето со човечките ресурси, со повеќе од 25 години искуство.